Двете екипи кои го имаат направено најголемиот и најдолгогодишен договор за спонзорство со техничка опрема во Серија А се екипите од Милано. „Росоњерите“ кои се во љубов со компанијата Адидас од 1998 година го продолжија договорот до 2024 година со што годишно ќе заработуваат по 20 милиони евра.
Ист таков договор во вредност од 200 милиони евра за наредните 20 години потпиша и Интер но со компанијата Најк. Од наредната сезона, ќе се случат и неколку големи промени во однос на тоа што ќе го гледаме на дресовите на некои тимови.
„Римската волчица“ од сезоната 2014/2015 година ќе влезе за прв во соработка со Најк од која ќе заработува по 10 милиони евра годишно, додека фудбалерите на Јувентус од наредната година ќе ги гледаме облечени во Адидас, а тоа ќе им носи годишно спонзорство од 23 милиони евра до 2021 година.
Третиот најмоќен бренд за спортска опрема во италијанскиот фудбал е Макрон кој ги облекува фудбалерите на Наполи и за тоа плаќа по 7,5 милиони евра годишно, додека со тимот на Лацио годишниот договор за спонзорство им чини 2,8 милиони евра.
За разлика од италијанските клубови, актуелниот првак на Европа Баерн Минхен од Адидас заработува 30 милиони евра годишно, додека пак Реал Мадрид од истиот спонзор зема помеѓу 35 и 40 милиони евра.