На табелата во Серија А имаат заостанување од девет поени зад Јувентус, но Рома доминира во Италија ако се земат во предвид казните кои ги имаат платено заради нивните навивачи.
Навивачите му даваат огромна поддршка на клубот на сите натпревари дома и на гости, но и знаат добро да ја испразнат клупската каса. Па така само оваа сезона заради палење и фрлање пиротехника, тепачки и недозволено скандирање од страна на нивните ултраси, Рома плати казни во висина од 533.000 евра.
Навивачите на Рома се неприкосновени на табелата за казни во Италија затоа што на второто место е Наполи со повеќе од двојно помали казни. На врвот се и екипите на Јувентус, Фиорентина и Интер, а најмирни се навивачите на Киево и Удинезе кои немаат направено ниту еден прекршок оваа сезона.
Платени казни:
1. Рома 533.000 евра
2. Наполи 200.000
3. Јувентус 138.000
4. Фиорентина 90.000
5. Интер 74.000
6. Аталанта 66.000
7. Лацио 59.000
8. Верона 57.000
9. Болоња 55.000
10. Каљари 32.000
11. Ливорно 30.000
12. Парма 21.000
13. Катанија 20.000
14. Сампдорија 15.000
15. Торино 15.000
16. Милан 10.000
17. Џенова 6.000
18. Сасуоло 4.000
19. Киево 0
20. Удинезе 0