Фиорентина во Лига на шампиони, Милан во друштво со Интер

Вака од прилика ќе изгледаа насловите во весниците по завршувањето на сезоната во Серија А, доколку судиите беа попретпазливи или можеби поненаклонети кон некои тимови.

Италијанскиот сајт „Калчомеркато" често пати ги следи сите грешки на судиите кои се анализираат по завршувањето на секое коло во италијанското фудбалско првенство и прави табели без нивните намерни или ненамерни пропусти.

Италијанците како големи фанатици за фудбал, секоја недела се караат за одредени спорни ситуации за кои понекогаш ниту на забавена снимка не можат да се сложат дали одредена ситуација во шеснаесетникот била пенал или не, или дали одреден фаул бил за жолт или црвен картон.

Како и да без 100% точност, италијанските новинари ја направија конечната табела по завршувањето на сезоната која без грешките на судиите би претрпела огромни промени. Јувентус и во тој случај би го освоил Скудетото следен од Наполи, а во втора лига би испаднале истите 3 екипи, сето останато би било различно.

Според оваа табела Милан бил "почастен" со 14 бодови без кои би ја имал една од најлошите сезони во последно време и би останал дури и без Лига Европа, исто како и тимот на Интер, а во тој случај на пласман во Лигата на шампионите ќе се радуваше Фиорентина.

По бројот на грешки на судиите вториот клуб кој ќарил најмногу бодови е Киево со 9, а потоа следуваа Наполи и Лацио со по 7 бода. Најмногу пенали во сезоната 2012/2013 им биле досудени на Милан, Наполи и Јувентус кои шутирале од белата точка по 11 пати.

 

Табела:

1. Јувентус 85 87 (+2)
2. Наполи 71 78 (+7)
3. Фиорентина 71 70 (-1)
4. Рома 66 62 (-4)
5. Удинезе 60 66 (+6)
6. Милан 58 72 (+14)
7. Катанија 55 56 (+1)
8. Интер 55 54 (-1)
9. Лацио 54 61 (+7)
10. Парма 52 49 (-3)
11. Каљари 46 47 (+1)
12. Болоња 46 44 (-2)
13. Торино 44 39 (-5)
14. Аталанта 42 40 (-2)
15. Џенова 39 38 (-1)
16. Киево 36 45 (+9)
17. Сампдорија 35 42 (+7)
18. Палермо 35 32 (-3)
19. Сиена 33 30 (-3)
20. Пескара 25 22 (-3)

13 јуни 2013 - 16:18