Ерата на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе биде запаметена по огромните суми на пари кои ги троши за засилувањата особено летото во 2009 година кога потроши рекордни 250 милиони евра.
Само Кристијано Роналдо кој се уште е најскап трансфер во историјата на фудбалот и Кака кој дојдоа токму во тој преоден рок заедно ги купи за 159 милиони евра, а листата од 12 шпански фудбалери кои го донел во тимот за време на неговиот мандат чинат 9 милиони помалку или поточно 151 милиони евра.
Овие фудбалери играат на различни позиции, но со нив оваа сезона не може да се направи цел тим затоа што тројца го напуштија неодамна тимот. Првиот од нив е дефанзивецот Серхио Рамос кој го купи во 2005 година за сума од 27 милиони евра и кој е незаменил во одбраната на Кралскиот тим.
Останатите играчи од одбранбената линија се Албиол кој дојде од Валенсија за 15 милиони евра и кој замина во Наполи, потоа Арбелоа од Ливерпул кој чинеше 4 милиони евра и новото засилување од Баер Леверкузен, Карвахаљ кој игра на левата бековска позиција.
На голот би бил Диего Лопез кој дојде од Виљареал за 3,5 милиони евра и кој изминатава сезона беше првиот избор на Мурињо пред Икер Касиљас кој ја грееше клупата. Најскап од нив е Чави Алонсо кој од Ливерпул бепе донесен за 35 милиони евра.
Во средниот ред се и Гранеро, Каналес, Калехон кој веќе е член на Наполи, потоа Педро Леон и новото засилување од Магала, младиот талент Иско кој на „Сантијаго Бернабе" потпиша за 30 милиони евра. Во нападот Перез од Алмеира го донесе Алваро Негредо за 5 милиони евра.