Марио Гомез чини колку 39 автомобили Ферари

Италијанските клубови пазареа атрактивни имиња изминатото лето, најмногу во делот на нападот каде ангажираа врвни фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, а нивната вредност ја споредија со луксузни предмети.

Во истекот на годината медиумите прават различни начини на биланси околу тоа кој колку потрошил, колку добил, а колку загубил, но некои летните засилувања во 2013 година ги пресметаа колку чинат во куќи или часовници.

Гонзало Игуаин како едно од најзвучните имиња кој од Реал Мадрид премина во Наполи беше најскапиот трансфер во Серија А за оваа година, а неговата вредност изнесува колку шест највредни уметнички дела од Модиљани.

Холандскиот фудбалер од средниот ред Кевин Струтман која ја засили Рома од ПСВ чини колку 11 часовници Константин Вакерон, кои важат за едни од најскапите во светот.

Екипата на Фиорентина во нападот го доби Марио Гомез кој дојде од актуелниот првак на Европа, а со тие пари може во гаража да сместите дури 39 автомобили од Ферари. Со парите кои Јувентус ги потроши за Обона, во луксузната Коста Смералда на Сардинија се купуваат 7 вили со базен.

Најмногу пари во летниот период за трансфери потрошиле Наполитанците кои за засилувања одвоиле 86 милиони евра. Најмногу продавала Рома која е остварила ќар од 38 милиони евра, а најголем минус бележи Интер од 22 милиони евра.

Севкупно екипите од Серија А во летото 2013 година продале играчи во странство во вредност од 250 милиони евра, а целосниот шопинг со увезени играчи им изнесувал 209 милиони евра со што се во позитива од 41 милион евра.

И покрај силните трансфери во Италија меѓу кои се и Тевез, Љоренте, Роси, рекордните трансфери во Италија и натаму остануваат оние од 2000 и 2001 година кога Креспо потпиша за Лацио за сума од 55 милиони евра, како и Буфон во Јувентус за 54,2 милиони евра.

Двете најголеми суми исплатени од италијански екипи легнаа на контото на Парма. 

30 декември 2013 - 12:00