Тројцата моќници кои сакаат да заработат 100 милиони евра од Бејл

Сагата околу велшкиот фудбалер Герет Бејл секој ден добива на интезитет и се чини дека е неисцрпна тема која најмногу ги продава весниците во Англија. Зад големата ѕвезда на Тотенхем се кријат тројца "големи играчи" кои сакаат да го поделат колачот.

Две работи за Герет Бејл се јасни. Првата е дека тој сака да се пресели на „Сантијаго Бернабе", а втората е дека Кралевите го очекуваат со раширени раце. Доколку се случи тоа најразочараните ќе бидат тренерот Вилаш Боаш и навивачите на Тотенхем, но нив никој не ги прашува.

За да заврши приказната околу трансферот на репрезентативецот на Велс во Реал Мадрид, тоа треба да го дозволат тројцата клучни луѓе кои само со сериозен договор од 100 милиони евра ќе направат да се случи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

1. Џо Левис (76)

Функција: Најголем акционер во Тотенхем преку компанијата „ENIC", 9-ти најбогат човек во Велика Британија и даночен обврзник на Бахамите.

Вредност: 2,6 милијарди фунти.

Влијание врз Бејл: Никакво.

Претходни договори: Именувањето на претседателот Леви во Тотенхем.

2. Даниел Леви (51)

Функција: Претседател на Тотенхем и директор на „ENIC", спортска и медиумска компанија која го поседува клубот.

Влијание врз Бејл: Брзо избледува. Леви има репутација како човек со многу цврст карактер, а сагата со Бејл почна да наликува како онаа со Лука Модриќ кој и покрај тоа што изјави дека му било дозволено да замине во Реал Мадрид долго време не го пуштаа.

Претходни договори: Трансферите на Мајкл Карик (18 милиони фунти) и Димитар Бербатов (30 милиони фунти) во Манчестер Јунајтед.

3. Џонатан Барнет (63)

Функција: Претседател на „Stellar Group", спортска агенција која застапува 500 спортисти и која има претставништва во Британија, Африка и Јужна Америка.

Влијание врз Бејл: Огромно. Тој би заработил 5% од продажбата на Бејл во Реал и би бил пресреќен да го види во дресот на Реал.

Претходни договори: Најславен е оној на Ешли Кол од Арсенал во Челси.

31 јули 2013 - 17:45