Премиерлигашите потрошија рекордни 760 милиони фунти

Во земјата каде што се вртат најголемите пари во фудбалот и каде клубовите го делат најголемиот колач од тв правата, постојано се рушат рекорди. Во јануари освен скапиот трансфер на Хуан Мата немаше нешто спектакуларно, но се случи нов рекорд.

Богатите клубови од Англија изминатиот месец не потрошија многу пари и јануарскиот преоден рок го завршија со потрошени 130 милиони фунти и со тоа не се ни доближија до рекордот во јануари 2011 година кога ја издвоија најголемата сума за трансфери во тој месец од 225 милиони фунти.

Но тоа не значи дека нема нова бројка која сега се наоѓа на плафонот. Англиските клубови бележат нов рекорд за потрошени пари за засилувања во една сезона, а тоа е сума од 760 милиони фунти за целата 2013/2014. Со тоа е урнат стариот рекорд од 2008/2009 кога потрошија 670 милиони фунти.

Најскапиот трансфер оваа зима го направи Манчестер Јунајтед  кој на „Олд Трафорд“ од Челси го донесе Хуан Мата за сума од 45 милиони фунти. Вториот е дело на Роман Абрамович кој на Бенфика му плати 25 милиони евра за услугите на Немањата Матиќ.

На излезна врата тимот кој го направи најголемиот транфер е Њукасл кој за продажбата на Јохан Кабаје од ПСЖ заработи 25 милиони евра. Вториот е оној на Белгиецот Кевин де Брујн кој од Челси премина во Волсбург за 17 милиони евра.

Чистиот влог кој англиските клубови го додоа за играчи минатиот месец изнесува 35 милиони евра, а тоа е половина од минатогодишниот јануари. Најголемиот ќар го извадиле од домашните екипи кои потрошиле 40% од вкупната заработена сума, од италијанските клубови извадиле 30%, а од Бундеслигашите 20% од вкупниот број на заработени пари.

Најмалку пари оваа зима во Англија потрошиле Шпанците и споредено со помалите лиги, тие потрошиле помалку од сумата за играчи од кои заработиле турските или руските екипи во овој преоден рок.

3 февруари 2014 - 18:22