Над милион Англичани за празниците биле на стадион

Божиќ и Нова година традиционално носат збиен календар со фудбалски натпревари на островот, а на тоа очигледно најмногу се радуваат гледачите кои за време на големите празници се уште поверни навивачи.

Празничното следење во првиот ден од годината за фановите во англиското првенство е уште поголем празник, а бројките покажуваат дека само во Премиер лигата дури 374.208 љубители на фудбалот за нова година одлучиле да се упатат на стадион.

Најпосетен бил стадионот „Олд Трафорд" каде мамурлукот од новогодишната ноќ со мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем се обиделе да го надминат 75,265 гледачи.

Најмалку празни седишта имало на мечот помеѓу Свонси и Манчестер Сити каде имало место за уште само 134 гледачи, а најпразно со над 9.000 слободни места било на средбата помеѓу Сандерленд и Астон Вила.

Англиските навивачи најрасположени за одење на стадион биле за време на таканаречениот „Боксинг деј" кога било најтешко да се стигне до влезница и кога стадионите биле полни со 97,10%, само нешто повеќе од два проценти повеќе отколку за новата година.

Вкупно на сите 27 натпревари кои се одиграа во три кола за седум дена на стадион заминале 1.147.696 гледачи, а 30.802 седишта останале празни. Од големите екипи Арсенал, Јунајтед и Сити во просек имале полни стадиони по 99%, а Челси и Ливерпул по 98%.

Кога е во прашање фудбалот најмалку на што мислат Англичаните е одморот. Викендов на местото на Премиер лигата која е на стенд бај, се игра првото коло од ФА купот кој сигурно нема да помине недоволно посетен.

4 јануари 2014 - 19:38