Кристијано има статус на Инстаграм кој за 1 час имаше преку 6 милиони лајкови, а кога кликнавме за кратко Ф5 станаа преку 7. Обраќањето му е емотивно, со многу љубов и радост што се враќа дома. Последната реченица му е врв.
Кам бекот на Роналдо во петокот ноќта го изненади фудбалскиот свет, бидејќи очекувањата беа дека ќе стане нов член на Сити. Но кога Хорhе Мендеш видел дека таму се закочила работата, го свртел бројот во другиот Манчестер и брзо ја завршил зделката.
Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
На Шпанецот Педро, детето на Барселона кој направи врвна кариера па играше во Челси и освои еден куп трофеи каде и да играше, му се падна да биде запишан во историјата како прв фудбалер после скоро пола век кој направил трансфер меѓу двата вечни римски ривали.
Добрите познавачи и носталгичари на италијанскиот и општо европскиот фудбал во првите години по 2000-та, на прва топка ќе се сетат на фамозниот случај „Ериберто“ од Киево, човекот кој за да избега од сиромаштија направил голема измама, па совеста го прогонувала со години.
Жерар Пике, капитенот на Барселона кој пред неколку дена се одрекнал од голем дел од платата, со цел клубот да може да ги регистрира новите засилувања, на своите профили на социјалните мрежи објави многу интересно видео. Пред 30 години, како мал го снимаат додека зема автограм од тогашната ѕвезда на Барселона, а сегашен тренер Роналд Куман.
Уште една сезона ќе уживаме во фудбалските мајстории на генијалецот од Струмица кој откако се повлече од репрезентативната кариера, реши да одигра уште една година на клупско ниво.
Ова е приказна за најегзотичниот трансфер летово. Висок центарфор откако научил како се жртвува јаре во Узбекистан, па преку Ростов на Дон стигна до Џенова, сега ќе го води нападот на Рома кој е голема одговорност. Го планираат за наследник на Џеко.
Само два дена откако го загуби големото финале на Евролига, Барселона успеа да се опорави и со 84:74 да го совлада Хувентуд во првиот дуел од четвртфиналето на шпанскиот плејоф. Нашиот најдобар кошаркар Димитријевиќ постигна 16 поени со 3 асистенции и 1 скок за 18 минути на паркетот.
Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.
Во сезоната 2020/2021 која штотуку заврши, Интер ги имаше најдобрите резултати во последните 11 години. Првпат после 2010-та го освоија скудетото и навивачите беа пресреќни.
Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.
Што викаше Фабио Капело, во едно семејство има кавги и дискусии, а не па во еден фудбалски тим составен од 30-ина фудбалери и тренери. Интер освои титула, прослави скудето, ама се 'рчнаа Конте и Лаутаро Мартинез.
После една таква апсолутна доминација, се очекуваше некој да им ја прекине серијата од 9 Скудета во низа, ама не да им биде загрозено и местото во ЛШ, особено со таков состав и Роналдо во тим.
Следната сезона ќе биде хит на Апенините. Во Вечниот град доаѓа легендарниот Мурињо кој пред 11 години направи шоу со Интер и освои историска тројна круна.
После повеќе од една деценија Интер и официјално го тргна Јувентус од тронот на Серија А и ја освои 19-та шампионска титула во историјата и прва од 2010-та година.
Нигериецот Симеон Точукву Нванкво - Сими и Бразилецот Жуниор Месиас се тандем со неверојатна животна приказна. Судбината ги споила во Кротоне каде ја заинтригираа европската фудбалска јавност. Даваат голови, асистираат и сакаат да останат во Серија А. А тргнале од 0.
Полека се чистат чаурите кои ги испукаа неколку богати претседатели на европски клубови кои сакаа да се одвојат. Идеи за вакво нешто потекнуваат одамна, не се од вчера.
Како ретко кој, Германецот Госенс искрено се отвори за еден момент од теренот на меч против Јувентус во Копа Италија. Јавноста се заинтересира, а соиграчите му дадоа убаво спакуван поклон.
Некогашниот лидер и права легенда на Манчестер Јунајтед има занимливо хоби. Карантинските денови ги проаѓа во цртање за син му Ејден кој пати од аутизам.
Пред неколку месеци раскажавме за капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо кој на секој гостински меч излегува на теренот со уникатна капитенска лента околу рамето.
Да, вечерашното нивно соочување во Лига Европа ни ги враќа спомените кога се сретнаа во Лига на шампиони, а реално таму и повеќе ги личи. Колку силна и неизвесна битка беше тоа во која Ферги немаше лек за големиот Милан кој потоа го крена пехарот.
Пари Сен Жермен и Барселона одиграа 1-1 во реваншот од 1/8 финале на Лига на шампиони па францускиот шампион отиде во следна рунда со вкупен резулта 5:2.