Скроз други беа тие Милан и Манчестер Јунајтед. Екипи скроени по мерка со боли глава играчи на кои во паметот им беа само трофеите, а на кормилата Карло Анчелоти и Сер Алекс Фергуон.
Манчестер Јунајтед таа година ја освои Премиер лигата, а Милан Лигата на шампиони. Зборуваме за сезоната 2006/2007.
Паралелно со англиската битка Ливерпул - Челси која Црвените ја добија на пенали и која заврши само со по 1:0 на двете соочувања, Сан Сиро и Олд Трафорд беа празник за очи. Паднаа вкупно 8 гола.
Прво беше 3:2 во Англија, спектакуларен меч за гледање на кои домаќините отворија во 5 минута преку Роналдо, па затворија преку Руни во 91-ва.
Но најмногу тежеа двата гола на Кака кој играше во животна форма, ем затоа што им даде крилја на Росонерите за реваншот, ем затоа што им ја изработи одбраната.
Една недела подоцна Манчестер Јунајтед беше на колена попарен со 3:0. Кака, Сидорф и Џилардино беа стрелците за пласман во финале.
Погледнете го незаборавниот слалом на Кака
И блокот на Неста во дуелот со Руни
Хајлајтс од двата меча кој вреди да се погледне