Солскјер на времето го возел Роналдо по трговски центри и му нашол репетитор

Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.

Добрите познавачи на состојбите во Манчестер Јунајтед тврдат дека зделката за враќање на големиот Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед ја организирал не само сер Алекс Фергусон, туку и менаџерот на екипата Оле Гунар Солскјер.

Според The Athletic Норвежанецот се вклучил во преговорите зошто не сакал да ја гледа клупската легенда во дрес на Манчестер Сити. Солскјер му се јавил на Ед Вудворд и го прашал дали управата би можела да го плати овој трансфер. Тогаш Јунајтед почнал преговори со агентот на Роналдо.

МНОГУ МУ ПОМАГАЛ ПРИ ПРВИОТ ПРЕСТОЈ НА КРИСТИЈАНО ВО КЛУБОТ

Во март годинава Солскјер даде интервју за клупската телевизија и изјави дека би сакал во тимот да има две легенди на Манчстер - Роналдо и Рој Кин.

„Секако дека има неколку мои поранешни соиграчи кои би сакал да ги тренирам. Би го сакал во составот Рој Кин иако не сум уверен дека со него би се справил. Би го потпишал во секој момент. Рој многу влијаеше на екипата.

Втора клупска легенда која би сакал да ја има е Роналдо. Желбата му се оствари. Тогаш Оле изјави:

„Уште еден таков фудбалер кој би го тренирал е Кристијано. Заедно со Лионел Меси се најдобри играчи во последните 10-15 години, така што би го избрал Кристијано“.

Солскјер неколку пати изјавил дека редовно комуницира со Роналдо додека Португалецот играше за Јувентус. Често зборувале за евентуално негово враќање на „Олд Трафорд“.

Се консултирале за многу работи. Оле го прашувал пред трансферот на Бруно Фернандеш а исто се консултирал и за Марсијал и Рашфорд.

МЛАДИОТ РОНАЛДО ГИ ЗБЕСНУВАЛ НЕВИЛ И СОЛСКЈЕР СО МНОГУ ДРИБЛИНЗИ, АМА ОЛЕ МУ ПОМОГНАЛ ДА СЕ АДАПТИРА

Кристијано дојде во Јунајтед во 2003 година кога Сослкјер веќе ја почна шестата сезона во клубот.

„Многу беше скромен, гледаше во земја, тивко зборуваше. Кристијано беше загрижен, ама го разбиравме. Фергусон не замоли да припазиме на него. Не му бев најдобар другар на Роналдо ама понекогаш му помагав“. 

Но набрзо станало јасно дека неверојатниот талент од Мадеира се навикнал на новата средина и новите соиграчи, па веќе не бил така скромен.

Поминало некое време и Роналдо се концентрирал само на себе. Некогашниот фудбалер од академијата на Манчестер Јунајтед, Мадс Тим во својата книга Red Devil раскажал дека Кристијано многу ги нервирал Солскјер и Невил.

„Он е неверојатен играч и човек. Како и мене, така и него го закачаа кога дојде во клубот. Му се смееа за фризурата и за обидите да ги импресионира тренерите. Он може да стои во место, да направи десет-петнаесет чекори и дури после да тргне во дриблинг. Невил и Солскјер му урлаа: „Подај сега, по ѓаволите!“

Но Норвежанецот му помагал на еден од најдобрите играчи на сите вемиња да се адаптира во клубот. Преку својот менаџер Солскјер нашол репетитор по англиски јазик (и Кристијано прозборел одлично англиски за пола година). Оле го возел по трговски центри и му го покажувал Манчстер.

Во 2017-та менаџерот на Јунајтед се присети на тие времиња: „Ова денес е многу модерен дечко Роналдо со прекрасна фризура и убави бели заби. Во 2003-та година Фердинанд го праша Кристијано што марка носи. Роналдо не му кажа зошто се срамеше но јас го приметив. После година дена веќе се привикна на жестокиот хумор во соблекувалната“.

СОЛСКЈЕР И РОНАЛДО САМО НА ЕДЕН МЕЧ ДАЛ ГОЛ СО АСИСТЕНЦИЈА ОД ЕДНИОТ ДО ДРУГИОТ

Во Јунајтед кај Фергусон кој го направи она што стана во следните 15 години, Кристијано напорно работел над себе а соиграчите му помагале. Роналдо тренирал во теретана со Вејн Руни, а Солскјер постојано добивал совети од Фергусон како да игра со Кристијано.

„Да делиш соблекувална со Роналдо е радост. Тој секогаш се смее и покажува дека е среќен. Одлично ги завршува нападите и така добро центрира што напаѓачите треба само да потпрат глава“, рекол во 2006-та Оле Гунар Солскјер.

Работата е во тоа што Роналдо постојано тренира. После секој тренинг он останува уште пола час некогаш и цел час. Се случуваше да се прашувам себе нели претерува? На мои години не сум спремен на такво нешто“, рекол еднаш Солскјер.

Тие двајца четири години беа заедно во Манчестер и заедно одиграле 32 меча, но постигнале само еден заеднички гол (асистенција). Во декември 2006-та кога Јунајтед го пречекал Рединг на „Олд Трафорд“, Кристијано центрирал од лева страна а Солскјер со глава дал гол

А неформално уште еден, против Њукасл во истата сезона:

СОЛСКЈЕР ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА СЕЗОНАТА МУ БИЛ КРАТКО ТРЕНЕР НА РОНАЛДО

Поради чести повреди Оле Гунар во 2007-ма ја заврши кариерата и стана тренер на напаѓачите во Манчстер. Во јули годинава раскажа за таа функција.

„Знаев дека можам да им помогнам на играчите да извлечат повеќе од своите можности. Јас никогаш не бев најбрз, најсилен или највисок во нападот, така што морав да работам со паметот. Секој пат кога Вејн или Кристијано имаа топка на страна и пробуваа да го дрибнат својот чувар, им викав на моите деца: „Тато ги научи ова“.

А за другото прашајте ги нив самите. Мислам дека им влијаев со својот пример“.

Во 2008-ма Кристијано го прашале што мисли за Солскјер како тренер: „Многу е добар. Јас прво го гледам него како човек, а не како тренер. Многу е добар, имаме прекрасен однос“. 

Пред неколку години, Роналдо раскажал за една средба со другар му Солскјер: „Се сретнавме на одмор, кога играв за Реал, а он беше тренер. Помуабетевме, му кажав за животот во Мадрид, а он ми кажа: „Кај и да си, колку и да вредиш - твој дом е Манчестер Јунајтед. Се посмеавме но во право беше: јас никогаш нема да го заборавам престојот во Манчестер Јунајтед“.

Сега Кристијано одново е дома. Ќе ги врати ли и пехарите во Манчестер?