Нераѕурите првпат во историјата победија на 16 меча по ред на домашен терен, вторпат пат во историјата освоија повеќе од 90 бода, трет пат постигнаа најмалку 88 гола во првенство. И да смениш тренер во таква ситуација? Тоа само ако он сака да си оди.
Иста беше ситуацијата пред една година. Антонио Конте беше спремен да го напушти Интер. Бараше од управата топ трансфери, поддршка од нив (од 2016-та Интер е во сопственост на кинеската компанија Suning Group) и од медиуми.
Конте остана, останаа и проблемите но Интер го освои долго чеканото скудето.
После таков успех тренерот на Интер сакал уште повисока цел, но управата на клубот има други планови. Сопствениците од Кина сега веќе не мислат на титули туку на пари. Кинезите решиле да влезат во строг режим на штедење.
На почетокот на март годинава беше згаснат клубот Жиангсу Сунинг, шампион на Кина со кого исто владееше Suning Group.
ИНТЕР ЌЕ ПРОДАВА ТОП ИГРАЧИ, ГАЗДИТЕ НЕ ДАВААТ И ЌЕ КРАТАТ ПЛАТИ, ЗАТОА КОНТЕ СИ ОДИ
„Првенството го освои екипа на која не и плаќаат редовни плати. Тоа е срам за нашиот фудбал“, вели италијанскиот новинар Марио Скончерти.
Интер немаше никакви проблеми на терен но надвор од него имале непријатности. Веднаш по освоеното скудето, претседателот на Интер, младиот Стивен Жанг на средба со играчите им предложил да се откажат од платите за месец-два (да ги префрлат на следната сезона) и да се откажат од шампионски бонуси (отприлика една месечна плата). На играчите не им платиле уште за март.
За три години буџетот на Интер за плати (играчи, тренери, директори) пораснал од 120 милиони на 250 милиони евра. Околу 150 милиони евра одат на хонорари за фудбалерите.
Пандемијата силно удрила по Интер (како и по повеќето италијански клубови). Финансиски отчет за сезона 2020/2021 уште нема, но долговите во сезона 2019/2020 биле 102 милиони евра (во сезона 2018/2019 48 милиони евра), а приходите паднале за 18% (370 милиони на 302 милиони).
Општиот долг на Интер изнесува астрономски 411 милиони евра.
Скудетото нималку не ја подобрило ситуацијата која повеќе зависи од враќањето на гледачите на стадион и успешен настап во Лига на шампиони. Проблеми има и самата фирма Suning Group. Компанијата исто западнала во долгови и има гласини дека е на продажба.
Како што пишува La Gazzetta dello Sport, Интер сака да ги скрати платите за играчи на 15-20% односно на 22-30 милиони евра годишно (без бонуси).
Оваа стратегија целосно се разликува од проектот за развој кој го планирал Конте.
На Антонио му поставиле рок дека клубот мора да заработи најмалку 100 милиони евра од трансфери а тоа значи продажба на некои од клучните играчи (Хакими е поврзан со ПСЖ, Лаутаро Мартинез или Шкриниар). Кинеските сопственици побарале и минимални трошоци како и прекоманда на млади фудбалери кои се враќаат од позајмица (Салседо, Агуме, ДиМарко).
Конте одговорил дека таков развој на настаните ќе сруши се што он градел во последните две години и дека он не може да работи во такви услови. Договорот со Интер му важеше на уште една година а во случај да се раскине на штета на клубот, Интер ќе треба да му плати седум милиони евра на Антонио.
ИНЗАГИ НАСЛЕДНИК?
Кога италијанските медиуми соопштија дека договорот меѓу Интер и Конте сигурно ќе се раскинува, инсајдери на Твитер пишуваа дека клубот има два приориети: Симоне Инзаги или Макс Алегри.
Договорот на Инзаги со Лацио истекува летово, минатата недела Симоне отворено покажа незадоволство од ситуацијата кога изјави дека пола година чека понуда за продолжување на договорот. Иако се тврдеше дека тренерот на Лацио би можел да замине, по средбата со претседателот Клаудио Лотито, паднал договор за продолжување на соработката на уште 2 години.
Во меѓувреме Јувентус соопшти дека е постигнат договор со поранешниот тренер Масимилијано Алегри да ја преземе екипата. А потрес имаше и во Шпанија каде Зинедин Зидан реши да замине од Реал Мадрид па нејасно е кој каде ќе заврши на крајот.
Се шпекулира и со имињата: Сари, Михајловиќ, Серџо Консеисао, Пауло Фонсека.
ШТО ЌЕ БИДЕ СО ИНТЕР?
Пред една недела калифорнискиот фонд Oaktree му дал на Интер кредит од 275 милиони евра за регулирање и израмнување на задолжителните неизмирени долгови.
Оваа сума Интер треба да ја врати во рок од три години инаку клубот ќе премине во сопственост на компанијата Oaktree. Исто нешто му се случи и на Милан кога американскиот фонд за позајмици Elliott доби контрола над росонерите во 2018-та.
Навивачите во вторникот излегоа со пароли пред канцелариите на Интер: „Жанг, преземи одговорност или губи се од нашиот град“.
После 15-минутна средба меѓу претставници на навивачие и директорите на клубот страстите се смириле. Тифозите добиле уверувања дека екипата ќе остане конкурентна за највисоки цели, а на социјалните мрежи има илјадници коментари од разочарани навивачи.
Изјава за состојбата даде и легендарниот Масимо Морати кој го направи Интер тоа што е денес: „Дајте да уживаме во прекрасната победа. Животот е полн со неочекувани пресврти. Некогаш промените одат на лошо. Но овде се е само подобро“.
ЛУКАКУ СО ЕМОТИВНА ПОРАКА ДО КОНТЕ
Можеби најзаслужни двајца за скудетото на Интер се токму тренерот Антонио Конте и шпицот Ромелу Лукаку кои фунцкионираа одлично и го препородија тимот.
„Во 2014 година зборувавме за прв пат и оттогаш сме поврзани. Имавме многу моменти да работиме заедно, но само Господ знае зошто тоа никогаш не се случи порано. Дојде во вистинско време и во основа ме смени како играч и ме направивте уште посилен психички и што е уште поважно, заедно победивме!
Победата е онаа што е најважна за тебе и мило ми е што ве имав како тренер. Ќе ги задржам твоите принципи до крајот на мојата кариера (физичка подготовка, ментална подготовка и само поттик за победа) ми беше задоволство да играм за тебе! Ти благодарам за сè што направи, многу ти должам“, изјави корпулентниот Белгиец.