Идејата за Суперлига потекнува од европската кошарка каде пучот на најбогатите успеа

Полека се чистат чаурите кои ги испукаа неколку богати претседатели на европски клубови кои сакаа да се одвојат. Идеи за вакво нешто потекнуваат одамна, не се од вчера.

Пред 20 години богатите газди на кошаркарски клубови исто нагло отргнаа некои службеници и сакаа тие да водат игра. Искуството со фудбалската Суперлига се разликува но идејата е многу блиска.

ФИБА е кошаркарска зона која опфаќа 52 кошаркарски федерации во Европа. Основана во 1957, а од 1958-ма ФИБА формирала свој Куп на европски шампиони кој после неколку децении го присвојуваат најголемите клубови со поддршка на богати компании.

КАКО КОШАРКАРСКИТЕ СУПЕРКЛУБОВИ СТЕКНАЛЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНА ЛИГА

Во 2000-та најбогатите европски клубови констатирале дека ФИБА не прави ништо за популаризација на најдобрата европска лига и нема слух за нивните желби. Од тој момент се разгорил конфликт кој гори ден-денес.

Војна во која имаше две фази. Прва фаза беше одземање на европската кошарка од раце на официјалните чиновници во ФИБА.

Пред почетокот на сезоната 2000/2001 турнирот кој претходно беше наречен Куп на европски шампиони се раздели на два Купа: Евролига во која играа бунтовнички богати екипи и Супролига ФИБА каде од гигантите останаа ЦСКА, Панатинаикос, Макаби и Ефес.

Веќе во 2001 година ФИБА отстапи од својата лига зошто добила (пази ова) поклон 400.000 евра од Евролига за „развој на кошарката“, а за возврат ФИБА ги даде правата на одржување турнир со учество на најбогатите клубови плус и турнир за екипи од понизок ранг (подоцна од ова проистекна и Еврокупот). 

НО РАЗЛИКИТЕ СО ФУДБАЛОТ СЕ ОГРОМНИ

Ако УЕФА се позиционира во моментов како фудбалски Робин Худ кој зема пари од богатите и дава на сиромашните, ФИБА само земала пари од богатите во тој период. Најголемите кошаркарски клубови, за разлика од фудбалските гиганти не заминаа никаде во 2000-та година, туку само ги набркаа официјалните лица и го презедоа раководството на лигата. Притоа ги обединија европските шампиони и угледните господа.

ФИБА немаше никаква моќ па освен празни закани не направи ништо сериозно. Во една единствена сезона на одвоена Сапролига, ФИБА успеа само да ги присвои клубовите кои беа под притисок од домашните федерации да не прават пуч.

На крајот, за кошарката, создавање на Евролига не значеше само желба на најголемите клубови да заработат повеќе, туку едноставно да заработат нешто а не само да плаќаат членство и да преживуваат.

Кошарката се најде во тешка ситуација. 

За тоа колку ФИБА не се грижела за ништо покажува и настанот од 1995-та година кога кошаркарите на руска ЦСКА Москва дошле на четвртфинале во Атина и неочекувано завршиле во болница додека претседателот на ФИБА уживал во својата резиденција и не преземал ништо.

Втор стадиум од војната - обидот за преврат кој ФИБА го организираше во 2015-та година.

Тогаш ФИБА излезе со аргумент дека Евролигата основана од УЛЕБ, го нарушува „спортскиот принцип“. Евролига реши да се заштити со тоа што на најголемите европски гиганти им даде А лиенци за постојано несметано учество, без да може да испаднат од лига или да бидат елиминирани.

Но со тек на времето се стекна заклучок дека гледачите ги привлекуваат добро промовирани брендови (пример во Москва попрво би го гледале Макаби Тел Авив кој е синоним за европската кошарка, отколку Баерн Минхен кој во последните пар сезони се истакна во Евролига).

Затоа Евролига стана позатворена и во нивно друштво не може да се влезе лесно. Веќе не се добива влезница за директен пласман ако си шампион на својата земја.

Во моментов 11 клуба имаат постојани лиценци. Баерн и Лион Вилербан имаат лиценци на две сезони, две места добиваат победникот и финалистот на Еврокуп а уште три клуба влегуваат преку тн. wild card.

ФИБА ПОВТОРНО ЈА РАЗГОРИ БИТКАТА

Во 2015-та ФИБА со 2 маневри сакаше да го врати влијанието:

1. Ги привлекуваше суперклубовите од Европа со прекрасни услови (со околу 30 милиони евра по сезона). Оваа понуда набрзо ја прескокна Евролигата која истовремено се договорила со американската компанија IMG и на клубовите им понудила 35-50 милиони евра годишна заработка.

2. ФИБА се закани дека ќе ги суспензира кошаркарските федерации (репрезентациите) чии клубови играат во Евролига и Еврокуп. Некои федерации дури и на кратко беа суспендирани.

Интересно некои федерации потпаднаа под притисок, па така например на црногорски Будуќност му се заканија со забрана да игра во домашната лига, а француските и италијански клубови преминаа од Еврокуп во Лига шампиони на ФИБА).

После неколку години им дадоа слобода на клубовите да си решаваат самостојно каде сакаат да играат.

После тоа откако Евролига го доби спорот на суд кој пресуди дека притисокот и заканите на ФИБА врз националните федерации е незаконски, агресијата на ФИБА се стиши.

Единствено што ФИБА во моментов може е доволно да ја одржува напнатоста, тензијата која ги заморува сите и која можеби ја руши репутацијата на Евролига.

Притоа ФИБА и го врати системот на „прозорци“ па така два пати годишно има термини за задолжителни репрезентативни дуели на кои кошаркарите од Евролига не можат да дојдат поради клупските обврски, па после ФИБА ги потсетува федерациите дека клубовите одат против интересите на нивните родни земји.