Станува збор за позајмица со право на откуп во слабокрвната Барселона каде скоро никому не му е до фудбал периодов, по заминувањето од клубот на најголемиот на сите времиња.
Животна шанса добива млада австриска ѕвезда, поточно млад Турчин кој е роден, растен и живеел во Австрија. Јусуф Демир веќе дебитираше за првиот тим на Барселона со што го надминал рекордот на некогашниот легендарен австриски фудбалер Ханс Кранкл кој на 24 потпишал со Барселона.
КОЈ Е ЈУСУФ ДЕМИР?
Се почнало во најстариот клуб во Австрија, „Ферст Виена“, основан пред повеќе од 125 години, клуб кој веќе со децении игра во аматерските лиги и Бундеслига не видел уште од раната „младост“.
Но според австриската традиција, колку полошо му оди на првиот тим, толку поголемо внимание се насочува кон младинските категории.
Таму пред десетина години го приметиле неверојатниот талентиран Јусуф Демир, дете со турски корени кој со топката правел чуда.
Веќе на 10 години го гледале скаути на главната академија во Виена. Од 2013-та година тој во работните денови Демир знаел само за две точки на картата на Виена: неговата населба Хителрдорф и терените кај стадионот „Ернст Хапел“ во Пратер.
Тие 13 километри до местото каде е помалку хаотичната инфраструктура на најпопуларниот клуб во Австрија: академијата, терени за сите возрасни категории и првиот тим, клупски канцеларии и стадионот кој прво го носел името на фудбалерот и архитект Герхард Ханапи, а после реновиран во современ и според сите стандарди модерен „Алијанц Штадион“.
„Во тоа време вее бев на проба во неколку клубови, но никаде од прв момент не ми беше така удобно и комотно како во Рапид, па кога ќе погледнам назад, таа одлука беше апсолутно идеална“, раскажал Јусуф Демир во едно од интервјуата за клупскиот магазин Rapid Magazin.
БИСЕР МЕЃУ РАЗНИ ДРАГОЦЕНИ КАМЕЊА
Уште во јуниорска категорија се приметувало дека Јусуф има одлична техника, страшен дриблинг, креативност, необични решенија во време на дуел еден-на-еден, сјаен шут со лева нога.
Тогаш практично не било можно да се претскаже секој негов следен потег, па затоа тренерите и другите гледачи многу сакале да го гледаат.
И покрај раната возраст, малиот Демир секогаш бил перфекционист, фокусиран само на фудбал. Многу негови наставници на поинаков начин зборувале дека најлошо нешто што може да направите со него е да му забраните да игра.
Неговите другари што е сосема нормално на таа возраст, почнале да излегуваат, да се занимаваат со разни хобија, дружби и девојчиња, но никој никогаш и никаде не го видел Демир без да мисли на фудбал. Кога сите излегувале, Јусуф бил доволно стабилен да не потклекне на искушенијата и тоа го разликувале од соиграчите на различна возраст, дури и од постарите од него. По тоа отскокнувал во Рапид Виена но и во младите репрезентативни категории на Австрија.
Unsere U18-#Youngsters besiegen die Kampfmannschaft von Orth/Donau mit 15:0‼️. Yusuf #Demir zeigt euch mit seiner Trikotnummer wie viele Tore er geschossen hat 😳👏. Chapeau 🎩! #SCR2019 pic.twitter.com/5g9OkJbSUf
— SK Rapid (@skrapid) January 26, 2019
ЕДНАШ ДАЛ ДЕСЕТ ГОЛА НА ЕДЕН МЕЧ ЗА ИГРАЧИ ДО 18 ГОДИНИ
Лудите настапи на Јусуф Демир во јуниорска категорија не биле гледани од голем број гледачи, но како што напредувал со повозрасни категории во академијата на Рапид веќе се зборувало за некое дете што прави чуда.
На јуниорскиот куп „Мерседес Бенц“ кој од 1991-ва година еднаш годишно се игра во сала во германскиот град Зинделфинген, доаѓаат елитни тимови од централна Европа. Тимови за играчи до 19 години.
Таму на тој турнир врие скаути и стручњаци, но и новинари од цел свет. Блиц-форматот на турнирот (терени со димензии 50х30) и екипи 5+1 како на мал фудбал, створиле услови за сите добри техничари да покажат што знаат.
На овој турнир како млади блескале Месут Озил, Јозуа Кимих, Маркус Рашфорд.
Јусуф Демир, јунакот на приказнава, два пати станал МВП на турнирот и ја добил наградата за најдобар играч - на 15 и на 16 години. Тогаш веќе цела австриска спортска јавност разбрала за него.
МЛАДИНСКИ ФУДБАЛ Е ЕДНО, А СЕНИОРСКИ НЕШТО ДРУГО
Патот до возрасниот фудбал е долг процес. Од 15 години Јусуф Демир кој веќе оставил печат во младинците на Рапид Виена, повремено тренирал со првиот тим.
На 11 октомври 2019 година кога младиот Турчин имал едвај 16 години, тренерот на Рапид Виена Дитмар Диди Кихбаер го викнал меѓу резервите на клупа за пријателски меч со Флоридздорф. Во 29’ минута Јусуф влегол во игра наместо Никлас Вунш кој се повредил. Дебито на Демир било толку добро што после мечот сите зборувале само за него.
Дури и тренерот Диди Кихбаер кој секогаш храбро ставал млади деца во прв тим, сфатил дека 16-годишнииот Јусуф е спремен за чекор понапред. На крајот од ноември таа 2019-та Јусуф се нашол на клупа за резерви во дербито со Штурм Грац и од тој момент секогаш бил со прв тим.
Во последниот натпревар од календарската 2019-та година, најголемиот талент на Рапид Виена дебитирал на официјален натпревар, на гостување кај Адмира одиграл девет минути.
Со 16 години, 6 месеци и 12 дена станал најмладиот дебитант во клупската историја на Рапид Виена во Бундеслига.
Раната возраст, астрономски очекувања и вртоглавиот подем на Јусуф Демир бил доволно опасен за славата да му удри во глава. Но во Рапид ги имал сите услови за мирно да плови во сениорски фудбал. Имал авторитетни тренери и бил заштитен од надворешно влијание.
Штефен Хофман, легенда на Рапид Виена со 540 настапи за клубот кој 12 години бил капитен на најпознатиот австриски клуб, во последните години бил одговорен за младинската школа на клубот. Истовремено го тренирал и Рапид II, каде играле резервисти од прв тим. Пред крајот на тренерската кариера Хофман многу време поминувал со момците од академијата.
„Штефен за мене е како најдобар другар. Од него толку многу научив за однос кон фудалот и за животот. Он сакаше јас уште од рана возраст да сфатам што е потребно за професионална кариера. Секогаш можам да му се обратам за кој било проблем за што вечно ќе му бидам благодарен“, вели Јусуф Демир.
За едниот куп голови кој Демир ги дал во младинските категории има многу статии во австриските медиуми, но ништо не се зборувало за негов премин во Барселона.
Рапид Виена знаел каков талент има во свои раце и откако виделе каков циркус се прави со врсникот на Демир од Борусија Дортмунд - Мукоко, австрискиот клуб решил да ги одбие сите барања на медиумите за комуникација со Јусуф.
Младиот Турчин 38 пати играл за сениорскиот тим на Рапид во сите натпреварувања, а во стартен состав бил само 8 пати. Во австриската Бундеслига го користеле 24 пати како џокер од клупата.
Тој скоро секогаш влегувал во последните 15 минути и дал дури 9 гола како резерва од клупата. Но ни тоа не било гарантир за да ја добие заслужената шанса и да почне да игра од почеток во првите 11.
Клубот сакал да го заштити по секоја цена, па одел во друга крајност. Сметале дека Јусуф е премногу млад и мора да го заштитат. Тренерот Дитмар Кибауер во секое интервју на темата изговарал скоро исти реченици: „Јусуф ќе има сјајна кариера, ама има уште многу да учи“, „Знам што му треба за почеток ама нема да ширам за тоа по медиумите“.
Во сето тоа имало рационална смисла. Неколку пати тренерот Кибауер го пуштал Јусуф од почеток на натпреварот, па Демир помалку бил изгубен и во првиот саат веќе бил исцрпен.
Ова можеле да го сменат само со уште подобри тренинзи.
Интересно, за разлика од конзервативноста на Рапид Виена, на пример главниот идеолог на брз премин од јуниорски во сениорски фудбал, спортскиот директор на Ред Бул Салцбург Криштоф Фројнд во секое појавуање пред пресот, вели дека што порано еден играч влезе во прв тим тоа подобро за него.
КАКО СЕ СЛУЧИ БАРСЕЛОНА?
Приказната со Барса почнала порано. Треба да се спомене и дека на Јуси Демир омилен клуб му е каталонскиот гигант а тој често кажувал дека Меси му е негов идол.
Минатото лето, во 2020-та година, првпат сериозно се разговарало за можноста за негов премин во Каталонија.
Во 2020-та година Барселона пратила конкретна понуда до Рапид Виена, но тогашниот спортски директор на Рапид, Зоран Баришиќ рекол дека согласно договорот со семејството на Демир, сите заедно решиле дека таков чекор на 17 години нема да му биде од корист на Јусуф.
Сега кога неверојатниот бисер зад себе веќе има и гол во еврокупови со Рапид (квалификации за Лига на шампиони), а во март месец дебитираше и за репрезентацијата на Австрија, практично му е гарантиран патот до успехот.
А состојбата во Барселона е толку хаотична во последните неколку години, што и трансферот на Јуси Демир ден-денес е тежок.
Поради административниот хаос на „Камп Ноу“, Демир прво дошол на позајмица во Барселона Б за 500.000 евра колку што добил Рапид и опција за откуп од 10 милиони евра.
Во меѓувреме Роналд Куман го прекомандувал во првиот тим на Барса, Јусуф Демир ги поминал и подготовките и станало јасно дека за него мора да има место меѓу регистрираните фудбалери.
Австриецот со турски корени играл на 4 од 5 пријателски средби со првиот тим. После бил единствен од младинците кои бил поканет на прошталниот говор на Лионел Меси (негов идол).
Насловната на Mundo Deportivo од пред неколку дена: „Имаш иднина“
ОФИЦИЈАЛНО ДЕБИ
Дојде и тој ден кој многумина со нетрпение го чекаа, а за кој огромни заслуги има и тренерот на Рапид Виена кој го сочувал Јусуф Демир од надворешно влијание.
Уште на вториот меч од новата сезона во Ла Лига, на секогаш тешкото гостување во Билбао кај Атлетик, во 62’ минута во игра кај Барселона влезе Јусуф Демир, некогашното дете на виенските улици кој сега треба да блеска на „Камп Ноу“.
Совршено е јасно дека Барселона откако заврши приказната со Меси, а во меѓувреме реши да крене раце од Бразилецот Кутињо кој најверојатно ќе оди во друг клуб, спрема место за Јуси Демир. Во период кога младиот Педри кој стана рекордер по одиграни натпревари во една сезона (Европско, Ла Лига, Лига на шампиони, шпански Куп, Олимписки Игри) заслужено одмора, шансата треба да ја искористи Јусуф Демир и да покаже што знае.
Во моментов е на позајмица во Барселона до крајот од сезоната, но тренерот Куман бил толку импресиониран од Јусуф Демир, што клубот веќе решил да даде 10 милиони евра за негов трансфер од Рапид Виена.