Вечер на неверојатен гол и промашен пенал на Меси

Пари Сен Жермен и Барселона одиграа 1-1 во реваншот од 1/8 финале на Лига на шампиони па францускиот шампион отиде во следна рунда со вкупен резулта 5:2.

Барселона доминираше во првите 30 минути од мечот. Каталонците извршија огромен притисок и со јак пресинг го стискаа голот на Кејлор Навас. Но прв поведе ПСЖ со гол на Мбапе од пенал во 30' минута.

На другата страна Меси како да се налути и за малку на ја искина мрежата на домаќинот со страшен проектил во 37' минута за 1-1.

Можеше Аргентинецот да биде прав јунак и мечот да отиде во права неизвесност, но Меси промаши пенал во судиското продолжение од првиот дел. Кејлор Навас одбрани и го однесе својот тим во следна рунда.

ПСЖ - БАРСЕЛОНА 1:1 (1:1)
/Мбапе 30' - Меси 37'/

Ливерпул лесно со ист резултат како и на првиот меч го совлада германски Лајпциг 2-0 и со вкупни 4-0 оди во следна фаза. Мохамед Салах и Садио Мане беа стрелци на головите па „црвените“ најавија излез од резултатската криза.

ЛИВЕРПУЛ - ЛАЈЦПИГ 2:0 (0:0)
/Салах 71', Мане 74'

10 март 2021 - 23:18