Менаџерот на Роналдо кој важи за еден од најголемите мангупи во тој бизнис, три дена ги буткал преговорите меѓу Манчестер Сити и Јувентус, во обид да го смести својот агент во нов дом.
Тој прво побарал од Мендеш да го опипа пулсот за да дознае кои се потенцијалните клубови кои би го ангажирале, а желбата за трансфер не му била од деновиве. Ова барање на Кристијано се случувало уште додека се спремал да се врати на предсезонските подготовки кон средината на јули со новиот тренер Алегри.
Мендеш неформално им се обратил на повеќето европски гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ, Јунајтед, Сити и Челси, но не добил цврсто охрабрување за потенцијален потег.
Роналдо дури имаше и соопштение во кое критикуваше дека шпекулациите за неговата иднина биле несериозни, а тоа се случи на 18 август откако го поврзуваа со враќање во Мадрид.
„Мојата приказна во Реал Мадрид е напишана и снимена. Со зборови, бројки, трофеи и наслови“, напиша на Инстаграм.
Но кога Манчестер Сити минатиот викенд беше информирам дека Тотенхем им ја одбива понудата од 127 милиони фунти за Хари Кејн, ситуацијата одеднаш се промени.
Иако хиерархиски никој на Етихад не бил убеден од потребата да потпишат договор со 36 годишник, што би претставувало големо отстапување од нивниот вообичаен пристап за регрутирање помлади играчи, Мендеш бил уверен дека ќе може да потпише договор.
Ден пред првото коло во Серија А, Роналдо побарал состанок со Алегри и му соопштил дека сака да го напушти клубот. Мечот против Удинезе тој го почна од клупа и влезе во 59-та минута место Мората.
Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед ги отфрли пишувањата дека Роналдо бил спремен да си замине и инсистирал дека треба да остане.
„Не смееме да се обидуваме да создадеме сензационални приказни таму каде што ги нема. Апсолутно можам да потврдам дека Роналдо ќе остане во Јувентус и оваа сезона“, рече освојувачот на Златната топка од 2003-та.
Зад камерите, тоа било далеку од реалноста, бидејќи Мендеш работел на случајот. Истиот ден преговарал со Сити кои биле категорични дека можат да го земат Роналдо само гратис.
Но потоа португалскиот менаџер имал непријатна и напната средба со спортскиот директор на Јувентус, Федерико Черубини, кој му рекол дека за да ги израмнат есапите и за да се усогласат со прописите во финансискиот фер плеј, бараат 30 милиони евра.
Черубини всушност го замени Фабио Паратичи на таа функција, кој инаку замина во Тотенхем и нема баш добри односи со Мендеш како неговиот претходник.
Сити во преговорите ги ставил на располагање Рахим Стерлинг и Бернардо Силва, но Јуве го барал Габриел Жезус. Мендеш во четвртокот наутро се обидел да ги убеди двете страни да се најдат на средина и кога видел дека нема приближување, се јавил на Олд Трафорд.
За само неколку часа преселбата на Роналдо во Манчестер Јунајтед била договорена, а се забрзала и со серијата на телефонски повици на негови сегашни и поранешни меѓу кои Бруно Фернандеш и Рио Фердинанд.
Јунајтед и Мендеш постигнале устен договор околу личните услови на престој од две години и следниот ден ја договарале висината на трансферот со Јувентус.
Првата понуда била 12 милиони, но на крајот Јуве се сложил за 15 со бонуси од 8 милиони евра.
Во меѓувреме, Роналдо заминал во тренинг центарот на Јувентус за да си ги земе личните работи и да ги извести Алегри и играчите дека заминува за Манчестер, а тоа е Јунајтед.