Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.
Статусот ѕвезда не значи дека на секој НБА кошаркар му носи и голем профит надвор од теренот. Коби Брајант и Леброн Џејмс се магнети за снимање реклами, а Дирк Новицки изгледа дека никој не го вика за такво нешто. Ова се најплатените кошаркари за оваа сезона.
Уште една блескава партија на Перо Антиќ во НБА лигата, овој пат со прв дабл-дабл учинок во победата над „Магичните“ за која практично беше најзаслужен во финишот на мечот со четири поени во низа.
Нашиот единствен претставник во најсилната кошаркарска лига во светот постигна 17 поени против актуелниот шампион во НБА лигата кој синоќа беше поразен од Хокси со 121:114.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од три порази во низа и тоа со победа против моментално најдобриот тим во лигата, Индијана Пејсерс. Антиќ го повтори својот рекорден скор во НБА.
Кошаркарите на Атланта Хокс немаа време за одмор и втора ноќ по ред одиграа уште еден натпревар и забележаа нов пораз. Овој пат Атланта загуби на гостувањето кај Чикаго Булс.
Италијанските клубови пазареа атрактивни имиња изминатото лето, најмногу во делот на нападот каде ангажираа врвни фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, а нивната вредност ја споредија со луксузни предмети.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.
Кошаркарите на Атланта Хокс го претрпеа 11-от пораз по 22 одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" без Перо Антиќ немаа одговор за одличниот Кевин Дурент.
Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.