Електричното дерби во знакот на ЕВН
МЕПСО 2-6 (0-1) ЕВН
МЕПСО: Александар Стојчевски 32', 35'
ЕВН: Зоран Цветановски 18', Дарко Милошески 29', 30', Исамедин Салиу 34', Патрик Караѓуле 38', Слаѓан Божиновски 39'
Бевме сведоци на натпревар кој изобилуваше со доста цврста игра во одбраната и на двете страни, со не толку атрактивен напад, кој впрочем не можеше да дојде до израз од таквата одбрана. ЕВН на полувремето замина со минимална предност од 1 гол. Во второто полувреме МЕПСО направи обид да фати резултатски приклучок, но по две погрешни подавања примија 2 гола, по што не можеа да очекуваат поголем резултат во ваков тврд натпревар. Натпреварот заврши со резултат 2-6.
UNIQA во победнички ритам
One 5-7 (0-5) UNIQA
One: Блаже Цоневски 24', Марјан Лазаревски 28', Дарко Таневски 33', Самир Исеини 36', 39'
UNIQA: Арбен Бајрами 2', Арбен Нухиу 6', 17', 34', Дарко Фотевски 11', 11', Влатко Деспотовски 26'
Во првото полувреме екипата на UNIQA прикажа апсолутна доминација постигнувајќи 5 гола, воедно не давајќи и на екипата на One да постигне ниту еден, што се карактеризираше со пред се одлична игра во одбраната. Во второто полувреме екипата на UNIQA малку попушти со концентрацијата, па и дозволи на One да се врати во натпреварот, но без доволно сили да направи резултатски пресврт за да на крајот UNIQA го доби овој натпревар со 5-7. Полувреме 0-5.
Цветковски – One man show
ЕЛЕМ 1-4 (1-1) Лукоил
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 2'
Лукоил: Дејан Зиков 3', Жарко Климкаров 34', Марјан Цветковски 35', 36'
Во првото полувреме и двете екипи прикажаа голема физичка подготвеност наметнувајќи одличен ритам на игра. Се играше пресинг по целиот терен и на двете страни. Иако имаше мал број на голови ( 1-1) се играше доста отворен фудбал со многу удари кон двата гола. Полувреме 1-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се обиде да игра со голман-играч, но тоа не вроди со плод. Нивните грешки во додавање одлично ги искористи голманот на Лукоил Марјан Цветковски, кој постигна 2 гола за победа на овој натпревар од 1-4.