Дурент со 30 поени и 10 скокови ја предводеше екипата на Оклахома Сити до победа од 92:101 на гостувањето кај Атланта.
Тој имаше поддршка и од Ибака кој имаше учинок од 19 поени и 10 скокови, а Вестбрук постигна 14 поени.
Пол Милсеп беше најефикасен кај Атланта со 23 поени, а Перо Антиќ повторно не доби шанса.
На останатите натпревари, Пејсерси беа подобри од шампионот Мајами, а Лејкерси и на вториот натпревар по враќањето на Коби Брајант доживеаа пораз. Овој пат Брајант постигна 20 поени за 29 минути игра, но Лејкерси загубија на домашен терен од Феникс.
Резултати:
ЛА Лејкерс – Феникс 108:114
Чикаго – Милвоки 74:78
Детроит – Минесота 94:121
Бруклин – Бостон 104:96
Атланта – Оклахома 92:101
Торонто – Сан Антонио 103:116
Индијана – Мајами 90:84
Кливленд – Њујорк 109:94