БЛ 6-то коло (втор ден)

Montenegro проработе во вистински час

Одиграни се уште два натпевари од шестото коло на Бизнис лигата на Македонија на кои победи забележаа Montenegro и Лукоил.

Montenegro проработе во вистински час
Montenegro 4-3 (1-1) Eurolink
Montenegro: Горан Новакоски 6', Ивица Јанкоски 22', 36', Љубиша Јовановски 39'
Eurolink: Јовче Зузаровски 14', 30', 30'
Првото полувреме и двете екипи си ги одмеруваа силите искористувајќи ја грешката на противникот за да поентираат во нападот. Во ваквата игра и двете екипи по еднаш ја затресоа противничката мрежа и на полувремето заминаа со изедначен резултат. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. И двете екипи наизменично доаѓаа до водство, но се чини дека играчите на Montenegro беа најсмирени кога беше најпотребно и го добија овој натпревар со 4-3.

Лукоил во одлично издание против Глобко Логистик
Лукоил 9-0 (4-0) Глобко Логистик
Лукоил: Владимир Секулоски 7', Љупчо Апостоловски 10', Жарко Климкаров 11', 23', Васко Стефанов 20', Дејан Зиков 21', Марјан Цветковски 25', Борче Василев 26', Роберт Петковски 29'
Глобко Логистик: /
Уште на почетокот екипата на Лукоил наметна свој препознатлив ритам со кој резултатски се одлепи. Глобко Логистик настојуваше да најде противигра со која би фатила резултатски приклучок, но нивните настојувања беа безуспешни имајќи предвид дека од другата страна беше вечерва расположениот за игра Лукоил. Вака расположениот Лукоил го доби натпреварот со 9-0.

ВЕЧЕРВА СЕ ЗАОКРУЖУВА ШЕСТОТО КОЛО

Вечерва ќе се одиграат последните три натпревари од шестото коло од есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија.

Натпреварите ќе се одиграат во малата сала на СЦ "Борис Трајковски" а стартуваат во 19:30.

Екипите кои денес ќе се борат за подобар пласман се:

Arcelormittal - ЕЛЕМ 19:30
Македонски Телеком - Гранит 20:30
ONE - Оилко 21:30

Квалитетен фудбал и фер игра е она што го очекуваме од денешните натпревари. Натпреварувачкиот дух и навивачката атмосфера нема да изостане и вечерва.

20 ноември 2013 - 09:00