Перо Антиќ и колегите одиграа одлично во одбраната и успеаа да ги приземјат високите играчи на Јута, а тоа и тоа како влијаеше на резултатот.
85-те поени на Јута се најмал број на постигнати поени против Атланта оваа сезона, а домаќините трет натпревар во серија постигнуваат преку 110 поени. Во текот на натпреварот Атланта имаше водство и од дури 33 поени, а на крајот славеше со 118:85.
Лу Вилијамс беше најефикасен кај Атланта со 25 поени, а Ал Хорфорд постигна 23 поени за три четвртини. Антиќ одигра скоро 11 минути и постигна седум поени (3/4 од игра и 1/2 за 3 поени), оствари и два скока и една асистенција.
Следниот натпревар на Атланта Хокс е гостувањето кај шампионот Мајами Хит во вторник наутро во 1:30 часот по македонско време.