Девет минути за Антиќ во поразот од Вашингтон

Тимот на Перо Антиќ го забележа и деветиот пораз оваа сезона. Атланта Хокс загубија на гостувањето кај Вашингтон Визардс, а Антиќ одигра девет минути.

На претходниот натпревар Атлатна успеа да ја анулира негативата од 17 поени и да победи против Детроит, но овој пат водството на Вашингтон од 18 поени беше недостижно.

Во третата четвртина Атланта направи серија од 11:0, а во последниот период се доближија на само -2, но на крајот Вашингтон сепак победи со 108:101.

Антиќ одигра девет минути за кои промаши два шута и не постигна поени, а оствари два скока и една асистенција.

Вол од Вашингтон постигна 26 поени и 12 асистенции, а најдобар кај Атланта беше Милсап со 21 поен и 10 скока.

Во вторник наутро во 2:30 по наше време, Атланта му гостува на Сан Антонио.

 На другите натпревари беа постигнати следните резултати:

Кливленд – Чикаго 97:93
Мемфис – Бруклин 88:97
Далас – Минесота 106:112
Сан Антонио – Хјустон 106:112
Феникс – Јута 104:112
Милвоки – Бостон 92:85

1 декември 2013 - 09:32