Атланта го преслуша и Детроит

Кошаркарите на Атланта Хокс го победија Детроит со 93:85 и ја забележаа седмата победа по 12 одиграни натпревари. Антиќ одмораше на овој натпревар.

Откако претходната ноќа Перо Антиќ постигна за него рекордни во НБА лигата 12 поени, тренерот Баденхолцер реши да го одмори на натпреварот против Детроит.

Гостите од Детроит се држеа до полувремето, но во вториот дел кошаркарите на Атланта ја презедоа контролата и на крајот ја забележаа 10-та победа во серија на домашен терен против Пистонс.

Милсеп со 19 и Тиг со 18 поени ја предводеа Атланта до седмата победа, кај гостите се истакна Џенингс со 21 поен.

Веќе во петок во 1:30 часот по македонско време Атланта ќе игра против истиот противник на гостински терен.

Резултати:

Кливленд - Вашингтон 91:98
Њујорк - Индијана 96:103 пр.
Орландо - Мајами 92:120
Филаделфија - Торонто 98:108
Шарлот - Бруклин 95:91
Атланта - Детроит 93:85
Њу Орлеанс - Јута 105:98
Милвоки - Портланд 82:91
Минесота- ЛА Клиперс 98:102
Сан Антонио - Бостон 104:93
Феникс - Сакраменто 106:113
Далас - Хјустон 123:120
Голден Стејт - Мемфис 81:88 пр.

21 ноември 2013 - 08:33