Велигденов заплови во тренерските води со триумф
Македонски Телеком 9-1 (3-0) АМСМ
Македонски Телеком: Влатко Манев 4', 29', 33', Душко Симоновски 12', 13', Веселин Крстовски 16', 30', Ивица Вељановски 24', Зоран Марковски 34'
АМСМ: Филип Вељановски 28'
Одлична рола на екипата на Македонски Телеком против АМСМ, одиграа натпревар во кој имаа одлично изработен напад со уште подобра реализација. Кај АМСМ беше видлива слабата игра во одбраната. Со вака лошо поставена одбрана не можеа да очекуваат поволен резултат против расположениот Македонски Телеком и го загубија овој натпревар со 9-1.
Пунтевски ја запечати победата на ЕВН
One 1-4 (0-2) ЕВН
One: Дарко Таневски 21'
ЕВН: Слаѓан Божиновски 12', Бојан Маџовски 15', Благој Кулев 34', Жарко Пунтевски 39'
Во првото полувреме екипата на ЕВН пружи одлична игра во одбраната и го притисна One на нивна половина со што изнуди неколку погрешни додавања кои ги претвори во гол. Екипата на One имаше неколку шанси кои не ги искористи и на полувремето се отиде со 0-2. Во второто полувреме екипата на One уште на самиот почеток фати резултатски приклучок и имаше пенал да го изедначи резултатот, кој не го искористи. Се чини како по промашениот пенал да опадна моралот кај екипата на One, по што примија уште еден гол. Со ваквата игра не можеа да фатат резултатски приклучок и го загубија овој натпревар со 1-4.
Октопод го бранеше голот на ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 8-3 (1-1) SISTINA
ЕЛЕМ: Менде Фидановски 14', 35', Жан Ристевски 28', Антонио Ничевски 31', 33', Влатко Петровски 35', 36', 37'
SISTINA: Никола Трајковски 5', Игор Ѓорѓиевски 32', 40'
Бевме сведоци на израмнето прво полувреме во кое ниедна од двете екипи не успеа да го надигра противникот. Пред самиот крај на полувремето екипата на SISTINA остана со играч помалку, но тоа екипата на ЕЛЕМ не успеа да го искористи и полувремето заврши со 1-1. По неискористената шанса екипата на ЕЛЕМ постигнувајќи погодок го сврте натпреварот во своја полза. По само неколку минути SISTINA повторно имаше играч повеќе, кој не само што не го искористи, туку и прими гол. Со две неискористени шанси SISTINA не можеше да очекува победа на овој натпревар и истиот го загуби со 8-3. Мора да напоменеме дека екипата на ЕЛЕМ ќе биде појачана во понатамошниот дел од натпреварувањето со појавувањето на Синиша Ковачевиќ во нивните редови.