Висок пораз на Атланта во Хјустон

Кошаркарите на Атланта без услугите на Перо Антиќ го забележаа третиот пораз во серија и загубија на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 113:84.

По 16 одиграни натпревари оваа сезона Атланта Хокс сега има скор од осум победи и исто толку порази.

На Атланта не им помогна ниту тоа што Хјустон играше без најдобриот стрелец Џејмс Харден, а на почетокот на натпреварот се повреди и Џереми Лин.

Хјустон имаше водство во текот на целиот натпревар и на крајот славеше со високи 113:84 и ја продолжи црната серија на Атланта која трае три натпревари.

Најдобри на натпреварот беа Брукс и Гарсија со по 21 поен, а Пол Милсеп од Атланта постигна 16 поени. Перо Антиќ на овој натпревар одмораше на клупата.

Во сабота наутро во 1:30 по македонско време Атланта ја пречекува екипата на Далас Маверикс.

Резултати:

Шарлот - Индијана 74:99
Орландо - Филаделфија 105:94
Бостон - Мемфис 93:100
Бруклин - ЛА Лејкерс 94:99
Кливленд - Мајами 84:95
Детроит - Чикаго 79:99
Хјустон - Атланта 113:84
Милвоки - Вашингтон 92:100 пп
Минесота - Денвер 110:117
Оклахома - Сан Антонио 94:88
Далас - Голден Стејт 103:99
Феникс - Портланд 120:106
ЛА Клиперс - Њујорк 93:80

28 ноември 2013 - 08:33