Пораз за Атланта и во Бруклин

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Бруклин Нетс со што го забележаа и третиот пораз во серија.

По 35 одиграни натпревари, Атланта Хокс го забележа 17-от пораз и трет во низа за четири дена.

Овој пат Хокси имаа предност од шест поени на полувремето на гостувањето кај Бруклин Нетс, но домаќините со одлична трета четвртина направија пресврт и го задржаа водството до крај за конечни 91:86.

Перо Антиќ по трет пат беше во стартната петорка и одигра 18 минути за кои постигна осум поени, а имаше и три скока и една украдена топка.

Најефикасени кај Атланта Беа Џеф Тиг и Пол Милсеп со по 16 поени, а најдобар кошаркар на натпреварот беше Џо Џонсон со 23 поени.

Во четврток наутро во 1:30 по наше време Атланта ја очекува уште еден тежок натпревар кога пред своите гледачи ќе ја пречекаат екипата на Индијана.

РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин - Атланта 91:86
Филаделфија - Минесота 95:126
ЛА Клиперси - Орландо 101:81

7 јануари 2014 - 09:09