Орландо Меџик ја имаше контролата во текот на целиот натпревар, а Атлатна со мини серија успеа на момент да го преземе водството на седум минути до крајот, но тоа беше се што тие сторија.
По неколку грешки на кошаркарите на Атланта Хокс, домаќините повторно се вратија во водство и го задржаа до крајот за конечни 109:102.
Перо Антиќ повторно доби солидна минутажа и за 20 минути игра постигна пет поени, а оствари и пет скока и една асистенција.
Најефикасен беше Џеф Тиг со 22 поени, а кај домаќините се истакна Афало со 21 поен. Кајл Корвер ја продолжи серијата од 100 последователни натпревари на кои постигнал барем една тројка.