БЛ 8-мо коло (прв ден)

SISTINA го најде лекот за One

Започна осмото коло од есенскиот дел на Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ без сили за пресврт против Македонски Телеком
Македонски Телеком 5-3 (2-0) ЕЛЕМ
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 11', Душко Симоновски 14', 32', 38', Агрон Пацоли 28'
ЕЛЕМ: Менде Фидановски 29', Александар Николовски 37', 38'
Одлично прво полувреме за екипата на Македонски Телеком, која влезе доста мотивирано во овој натпревар и уште од самиот почеток имаше сериозен пристап кон натпреварот, што вроди со плод за да отидат на полувремето со предност од 2-0. Во вториот период екипата на ЕЛЕМ заигра поофанзивно, резултатски се приближи, но екипата на Македонски Телеком не дозволи целосен пресврт и го доби овој натпревар со 5-3.

Осигурителното дерби за UNIQA
UNIQA 6-3 (3-3) Eurolink
UNIQA: Арбен Нухиу 4', 10', 40', Влатко Деспотовски 14', 24', Љуљзим Каштањева 30'
Eurolink: Игор Ристевски 5', Јовче Зузаровски 6', 16'
Во осигурителното дерби се играше брз и отворен фудбал со исклучителен фер плеј на двете страни. Екипата на UNIQA во овој натпревар имаше подобра реализација и изгледните шанси за гол ги претвораше во гол. Кај екипата на Eurolink затаи нападот, со таков напад не можеа да очекуваат поголем резултат. Натпреварот заврши со 6-3 во корист на UNIQA.

SISTINA го најде лекот за One
One 1-6 (0-2) SISTINA
One: Марјан Лазаревски 31'
SISTINA: Игор Ѓорѓиевски 12', Ивица Петровски 15', Цветанчо Трајковски 22', Александар Јаневски 27', 28', Влатко Кузманов 34'
Одлична рола на екипата на SISTINA, која во полн сјај одигра во натпреварот со One. Во текот на целиот натпревар беше доминантна како во нападот, така и во одбраната и имаше одлична поставеност на теренот. Кај екипата на One беше впечатливо отсуството на неколку играчи. Во вака ослабен состав не може да очекуваат подобра рола и го изгубија овој натпревар со 1-6 за екипата на SISTINA.

НОВА ДОЗА НА ВОЗБУДА НЕ ОЧЕКУВА ВЕЧЕРВА

Нова доза на возбуда не очекува вечерва во СЦ "Борис Трајковски. Следните три натпревари ќе го одбележат вториот ден од осмото коло во рамките на есенскиот дел од Бизнис Лигата на Македонија:

Општина Карпош - Гранит 19:30
Montenegro - Dominos pizza 20:30
Глобко Логистик - МЕПСО 21:30

Возбудата расте а борбениот дух кај екипите се повеќе се буди. Неизвесни и интересни натпревари, брз, атрактивен и квалитетен фудбал е она кое што со сигурност ќе го видиме вечерва.

3 декември 2013 - 08:38