Антиќ постави личен рекорд во триумфот против Мајами

Нашиот единствен претставник во најсилната кошаркарска лига во светот постигна 17 поени против актуелниот шампион во НБА лигата кој синоќа беше поразен од Хокси со 121:114.

Перо Антиќ ја одбележа својата најблеската партија во НБА лигата и тоа против шампипонот Мајами Хит. За 25 минути игра оствари учинок од рекордни 17 поени (5/6 за два, 2/4 за три, 1/2 од слободни фрлања) и оствари 6 скока и 3 асистенции.

Македонскиот интернационалец имаше блескав старт во првата четвртина и успеа да постигне дури 10 од вкупните 15 први поени за својот тим.

Во големата победа на Атланта клучен фактор беше тимската игра и огромниот придонес на дури седуммина кошаркари кои постигнаа двоцифрен број на поени.

Најпрецизен беше Пол Милсап со 26 коша, а како втор стрелец со два поени повеќе од Антиќ мечот го заврши Демар Керол.

Попуста беше реализацијата на Леброн Џејмс кој беше најпрецизен поединец на паркетот со 30 поени, 4 асистенции и 6 скока.

Сите поени и асистенции на Антиќ. 

21 јануари 2014 - 09:47