По несреќниот пораз во последна секунда од Голден Стејт Вориорс, Перо Антиќ повторно беше во стартната петоркна на Атланта Хокс и повторно одигра солидна партија.
Овој пат за 22 минути игра Антиќ имаш учинок од 9 поени (3 тројки), 7 скокови и по една асистенција и блокада.
Домаќините имаа мало водство во текот на целиот натпревар и на крајот славеа со 91:84.
Најефикасен на натпреварот беше домашниот кошаркар Мајк Дансливи со 11 поени, а Пол Милсеп и Џеф Тиг со по 16 коша беа најдобри кај Атланта.
Во вторник наутро во 1:30 по наше време, Атланта Хокс гостува кај Бруклин Нетс.