ЕЛЕМ заслужено до победа над ArcelorMittal
ArcelorMittal 2-7 (1-4) ЕЛЕМ
ArcelorMittal: Љупчо Шегмановиќ 5', Александар Зотиќ 38'
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 9', Влатко Петровски 14', 16', 33', 34', Александар Бокан 20', Менде Фидановски 22'
Екипата на ArcelorMittal прва дојде до водство во 5' преку Љупчо Шегмановиќ за да три минути после тоа екипата на ЕЛЕМ преку Антонио Ничевски го изедначи резултатот. Во понатамошниот дел од полувремето ЕЛЕМ ја презеде иницијативата со два последовни погодоци на Влатко Петровски, стекнувајќи предност од 1-4 со кои се отиде на полувремето. Во второто полувреме ЕЛЕМ потполно го контролираше натпреварот, не дозволувајќи никакво изненадување и сосема заслужено издвојува победа од 2-7 на овој натпревар.
Гранит на крилата на Пепи Мицев до победа над Македонски Телеком
Македонски Телеком 6-9 (1-6) Гранит
Македонски Телеком: Влатко Причков 15', 37', Петре Велигденов 30', Ивица Вељановски 36', 37', 38'
Гранит: Пепи Мицев 4', 6', 11', 20', 36', Оливер Ангеловски 5', Ивица Димишковски 14', 21', Дејан Димитровски 27'
Гранит се прикажа во одлично светло во овој натпревар. Го изненади минатогодишниот шампион со одлична игра пред се во нападот. Гранит играше одлично се до последните 3 минути од натпреварот, кога се почувствува опуштеност во нивната игра која ја искористи екипата на Македонски Телеком, за постигнување на 4 гола во низ. Но, Гранит предводен од Пепи Мицев не дозволи изненадување, ги консолидира своите редови и го доби овој натпревар со 6-9. Полувреме 1-6.
Оилко мотивирано против One
One 3-6 (2-3) Оилко
One: Марјан Лазаревски 8', 37', Дарко Таневски 16'
Оилко: Владимир Арсов 3', 39', Кире Павловски 4', 40', Сашо Крстев 5', Гоце Стојковиќ 40'
Екипата на Оилко за само 5 минути игра постигна извонредни 3 гола, со што имаше одличен старт во овој натпревар. Екипата на One беше по малку затечена од ситуацијата, но брзо се врати во натпреварот, успеа да постигне два гола и со тој резултат се отиде на полувремето (2-3). Во второто полувреме и двете екипи го дигнаа нивото на одбрана, не дозволувајќи му на противникот да упатува лесни удари кон голот. Во ваквата заострена игра подобро се снајде екипата на Оилко која го доби овој натпревар со 3-6.