Фотевски (АМСМ) незадржлив против Eurolink
Eurolink 3-5 (3-2) АМСМ
Eurolink: Цветко Делев 5', Јовче Зузаровски 6', 20'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 4', Мартин Фотевски 15', 29', 30', 39'
Доста турбулентен натпревар одиграа екипите на Eurolink и АМСМ. Во текот на целиот натпревар се менуваа во водството и двете екипи, држејќи го во неизвесност овој натпревар се до последната половина на второто полувреме. АМСМ предводен од Мартин Фотевски во второто полувреме успеа да направи пресврт, да го сврти натпреварот во своја полза, за победа на истиот од 3-5. Полувреме 3-2.
Македонски Телеком рутинирано до победа над Оилко
Оилко 1-9 (0-2) Македонски Телеком
Оилко: Дејан Јовановски 40'
Македонски Телеком: Душко Симоновски 13', Агрон Пацоли 20', Влатко Манев 22', 25', 37', 38', Бесник Рамуши 28', 33', Ивица Вељановски 38'
Минатогодишниот шампион Македонски Телеком играше доста искусно во текот на целиот натпревар. На самиот почеток, се до 13', Оилко играше доста добро во одбраната, не давајќи му на Македонски Телеком да се разигра, но во 13' при едно мало невнимание Македонски Телеком го постигна првиот гол и влезе во ритам во овој натпревар кој го доби против Оилко со 1-9. Полувреме 0-2.
Глобко Логистик од срце до победа против ArcelorMittal
ArcelorMittal 4-6 (1-3) Глобко Логистик
ArcelorMittal: Љупчо Шегмановиќ 14', 38', Александар Зотиќ 31', Дејан Велковски 39'
Глобко Логистик: Горан Божиновски 2', Иван Стојановски 11', 20', 21', 37', Зоран Велковски 40'
Екипата на Глобко Логистик одигра перфектна одбрана, што и овозможи да има брз контранапад од кој реализираше доста изгледни шанси за гол. Кај екипата на ArcelorMittal затаи одбраната и со ваква лоша игра во одбраната не можеа да се надеваат на бодовите од овој натпревар, кои и припаднаа на екипата на Глобко Логистик. Крај на натпреварот 4-6. Полувреме 1-3.