БЛ 9-то коло (прв ден)

МЕПСО проработе кога беше најпотребно

Стартуваа натпреварите од 9-то коло од Бизнис лигата на Македонија.

UNIQA во духот на фер плејот до победа над Општина Карпош
UNIQA 3-0 (3-0) Општина Карпош
UNIQA: Арбен Нухиу 26', 28', 32'
Општина Карпош:/
Екипата на Општина Карпош настапи значително ослабена. Можеме слободно да кажеме дека го одиграа овој натпревар во духот на фер плеј играта, со кој уште еднаш докажаа дека самата поента на Бизнис Лигата е дружење меѓу вработените на најуспешните колективи во Република Македонија. Резултат 3-0.

Гранит брилијантен
Гранит 10-5 (7-0) Dominos Pizza
Гранит: Ивица Димишковски 4', 9', 17', 39', Пепи Мицев 5', 14', 28', Дарко Стојановски 13', 38', Благоја Тагасовски 16'
Dominos Pizza: Павле Мирчевски 25', 26', Рубин Ангелевски 34', 35', Влатко Ангеловски 39'
Брилијантна партија на екипата на Гранит против екипата на Dominos Pizza. Гранит беше доминантен во сите сегменти на фудбалската игра во текот на цеиот натпревар. Dominos Pizza и покрај добрата игра во второто полувреме промашија неколку стопроцентни шанси за гол и не можеа целосно да се вратат во овој натпревар, така што Гранит сосема заслужено ги освои бодовите. Крај на натпреварот 10-5. Полувреме 7-0.

МЕПСО проработе кога беше најпотребно
МЕПСО 6-2 (1-1) Eurolink
МЕПСО: Александар Стојчевски 13', 24', 35', Борис Трајковски 28', Ѓоко Јанакиевски 28', Зоран Деспотовски 35'
Eurolink: Јовче Зузаровски 7', 22'
Бевме сведоци на исклучително изедначен натпревар во кој и двете екипи приредија возбудлива глетка за уживање. На двете страни се играше доста изедначено со доста луцидни потези и акцент на цврста одбрана. Во првите 30 минути од натпреварот ниедна од екипите не успеа резултатски да се одлепи. Но, во 30' екипата на МЕПСО како да додаде гас и давајќи три гола во низа го сврте овој натпревар во своја полза за победа од 6-2.

11 декември 2013 - 08:49