Кошаркарите на Бостон Селтикс ја прекинаа црната серија од шест порази со триумф против Атланта Хокс.
Атланта и Бостон одиграа израмнет натпревар и наизменично водеа, но гостите се разиграа во последната четвртина која ја добија со 30:13 и на крајот триумфираа со 87:94.
Перо Антиќ одигра скоро 15 минути и имаше лоша шутерска вечер. Тој погоди само еден шут од поле од осум обиди, а промаши и три шута за тројка. Антиќ беше солиден под кошевите каде имаше шест скока, а оствари и една асистенција.
Најефикасен на натпреварот беше Хорфорд со 18 поени, а Бас од Бостон постигна 17 поени.
Во среда наутро во 1:30 по македонско време Атланта ја пречекува екипата на Орландо Меџик.
РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Клиперс – Сакраменто 103:102
Индијана – Филаделфија 106:98
Вашингтон – Њујорк 98:89
Атланта – Бостон 87:94
Мајами – Орландо 101:99
Хјустон – Минесота 112:101
Милвоки – Шарлот 72:96
Сан Антонио – Кливленд 126:96
Денвер – Далас 102:100
Голден стејт – Портланд 101:113