Антиќ распали и против Индијана

Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од три порази во низа и тоа со победа против моментално најдобриот тим во лигата, Индијана Пејсерс. Антиќ го повтори својот рекорден скор во НБА.

Перо и колегите одиграа одлично во првото полувреме, посебно во одбраната каде целосно им ги затворија приодите на противничките кошаркари и го задржаа лидерот на само 32 поени.

Антиќ беше најдобар на паркетот во првиот дел кога постигна 12 поени, а Атланта на паузата замина со предност од 49:32. Домаќините го зголемуваа водството и во вториот дел и во еден момент имаа предност и од 25 поени, а на крајот триумфираа со 97:87.

Перо Антиќ одигра скоро 27 минути и го повтори својот рекорд од 16 поени, а оствари и четири скока и по една асистенција и блокада. (видео со сите поени тука)

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Пол Џорџ со 28 поени и 12 скокови.

Во сабота наутро во 1:30 по македонско време, Атланта ја пречекува екипата на Хјустон Рокетс.

9 јануари 2014 - 08:18