Montenegro ќе презими на врвот
Оилко 2-8 (0-2) Montenegro
Оилко: Владимир Арсов 23', 35'
Montenegro: Љубиша Јовановски 5', 10', 26', Даниел Настевски 20', 21', 23', Горан Новакоски 29', Славче Симуноски 33'
Montenegro во овој натпревар ги оправда очекувањата и како вистински фаворит доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. Оилко потфрли пред се во играта во одбраната дозволувајќи му на Montenegro да игра во својот препознатлив ритам за победа на овој натпревар од 2-8.
Василев диригираше за нова радост на Лукоил
Лукоил 5-0 (3-0) ArcelorMittal
Лукоил: Марјан Цветковски 6', Љупчо Апостоловски 9', Борче Василев 15', Александар Аврамовски 26', Васко Стефанов 38'
ArcelorMittal: /
Лукоил со одлична одбрана стигна до бодовите на овој натпревар. ArcelorMittal не може да ги поврзе своите редови во нападот, пред се поради одличната игра во одбраната на Лукоил од која произлегуваа брзи контранапади кои често беа крунисувани со гол. Лукоил ја имаше целосната контрола над овој натпревар и заслужено ја однесе победата од 5-0.
Победа на ЈСП во драматична завршница
ЈСП 5-4 (3-2) Глобко Логистик
ЈСП: Давор Калиновски 9', 20', 35', Дејан Блажевски 19', Тони Спасовски 40'
Глобко Логистик: Тони Караташев 12', 30', 39', Горан Божиновски 17'
Во првото полувреме се играше доста затворен фудбал и на двете страни, без некои посериозни закани за гол. Оние отворени шутеви, кои беа ретки, завршија во мрежата. На полувремето екипата на ЈСП замина со минимална предност од 3-2. Драма во вториот дел од натпреварот. И двете екипи со огромна желба ги посакуваа головите. Во ваквата желба за победа и двете екипи по малку тензично реагираа, но можеме да забележиме дека среќата беше на страната на ЈСП која го доби овој натпревар со 5-4.