За прв пат и чисто заради тужба дека нејзината вакцина против ковид предизвикала смрт и сериозни повреди во десетици случаи, Астразенека во судски документи признава дека вакцината предизвикала ретки нус-појави.
Откако цел месец го немаше никаде во јавност, кинеската влада кон крајот на јули објави дека го сменила министерот за надворешни работи Чин Ганг. Ова најверојатно се случило по информација што Москва му ја праќа на Пекинг.
Како што рускиот претседател се подготвува за втората годишнина од неговата војна против Украина, неговата самодоверба е тешко да се заобиколи, пишува во есејот за Вол стрит журнал поранешниот разузнавачки офицер од Националниот разузнавачки совет задолжен за Русија, Јуџин Румер.
Кривицата на одговорните за јавно здравје не е тоа што давале препораки за пандемијата врз основа на она што го знаеле во тоа време, кривицата е што одбиле да ги сменат тие препораки кога добиле нови докази, и тоа што кога студии не ги поддржувале нивните политики биле отфрлени или цензурирани.
Грдите (официјално „неатрактивните“) луѓе е многу поверојатно да сакаат да продолжат да носат заштитни маски и по завршувањето на ковид пандемијата, за разлика од оние кои не мора да се кријат зад пандемијата.
Иако ниту еден од западните политичари што првично ја обвинија Русија за експлозијата ја нема повлечено својата изјава, се повеќе западни функционери сега се сомневаат дека Кремљ е одговорен за експлозијата, пишува Вашингтон пост.
За време на пандемијата во Европа се пропуштени 100 милиони проверки за рак, од кои веројатно 1 милион би завршиле со дијагностицирање на болеста, заради што континентот се соочува со „епидемија на рак“.
Извештајот од истрагата на комисијата на американскиот Сенат заклучува дека ковид-19 вирусот „е поверојатно, отколку што не е“ дека е протечен од лабораторија.
Првата асоцијација за човек што се занимава со црна магија е дека станува збор за жена. Таквата слика е промовирана во поголемиот дел од католичка и протестантска Европа, каде независните жени се држеле во подјарменост преку вакви обвинувања. Но во православна Русија, голем број од обвинетите биле мажи, со поинакви идеи за тоа од каде потекнува моќта на магијата.
Иако вакцинацијата останува најдобра одбрана против ковид-19, јас верувам дека повеќе не е пропорционално да се бара задолжителна вакцинација за лицата ангажирани во здравствениот систем, порача британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.
Крајот на август или почетокот на септември 2019, е периодот во кој ковид-19 вирусот протекува од Вухан институтот за вирологија. Кога ова им станува јасно на кинеските власти и на научниците тие очајнички се обидуваат да го замаскираат протекувањето, меѓутоа веќе е предоцна за тоа бидејќи вирусот почнува да се шири низ 11-милионскиот град, се наведува во новиот извештај кој доаѓа од американскиот Конгрес.
Постојат „значителни посредни докази“ дека епидемијата на ковид-19 потекнува од протекување од Институтот за вирологија во Вухан, тврдат Републиканците кои се во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.
Варијантата која прв пат беше идентификувана во Индија минатата година, според СЗО се шири побрзо од другите варијанти на ковид-19. Ова се покажа точно и на терен каде Индија не може да постигне ни да ги згрижи заболените, ни да ги закопа починатите.
Извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 е одек на кинеската пропаганда, пишува Вол стрит журнал во својот едиторијал.
Над 350 доктори од цел свет тврдат дека има се поголем број докази дека ковид-19 може да предизвика дијабетес (и тип 1 и тип 2) кај некои пациенти, една подгрупа од нив дури тврди дека ковидот може создал целосно нова форма на дијабетес.
Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.
Додека светот се бори да ги пофаќа илјадниците случаи на ковид-19, Кина (која со милијарда и триста луѓе упорно стои на околу 87.000 заразени) активно работи да ја смени приказната за тоа од која држава дојде вирусот.
Стратегијата за борба против ковид-19 која се базира на имунитет на стадо е „опасна заблуда која не е поддржана од научни докази“, се наведува во предупредувачкото писмо потпишано од 80 меѓународни научници.
Кој може да работи од дома, пабовите да затвораат во 10 часот, забрана за сите тимски спортови на затворено и дополнителни ограничувања на свадбите, се дел од новите мерки за борба против ковид-19 кои ги објави Борис Џонсон „во време кога Британија е пред опасна точка на пресврт“.
Стратегот зад шведската ковид-19 стратегија, државниот епидемиолог Андерс Тегнел, е подготвен да ја ревидира употребата на маски, откако претходно беше изричито против нив.
Земјата има 97 милиони жители, и е прв комшија со Кина со која има над 1.440 километри копнена граница, а и покрај сето ова Виетнам до сега на своја почва имаше нешто над 300 случаи на ковид-19 (вкупно), ниту еден мртов и речиси цел месец нема регистрирано ново пренесување на болеста.
Човештвото ќе мора да живее со заканата од коронавирус „во догледна иднина“ и да се адаптира на тоа бидејќи нема гаранција дека може успешно да биде развиена вакцина, порачува еден од водечките светски експерти околу болеста професорот по глобално здравје на Империјалниот колеџ од Лондон, Давид Набаро.
Во неколку наврати американски дипломати ја посетуваат кинеската лабораторија во Вухан и по враќањето го алармираат Вашингтон на неадекватната безбедност во лабораторијата во која се спроведуваат ризични експерименти на коронавируси од лилјаци, објавува Вашингтон пост.