Во излагањето пред британскиот парламент тој потсети на неговото претходно аргументирање од декември 2021 кога објаснува дека научните докази покажуваат дека заштитата од вакцините го надминува ризикот што тие го претставуваат за работната сила.
Џавид порачува дека во време на доминација на делта варијантата тоа било правилната политика што требало да се преземе.
Во време на омикрон и пониската заштита што денешните вакцини ја нудат против овој сој, британската влада се одлучи да го повлече ова барање до здравствените работници, делумно и во надеж дека тоа колку толку ќе го спречи егзодусот на илјадници вработени од здравствениот систем на земјата.
3-ти февруари беше последниот рок што невакцинираните здравствени работници го имаа за да се вакцинираат или да останат без работа. Процената е дека ако Џавид не попуштеше, најмалку 60.000 лица ќе си заминеа од работа.
Задолжителната вакцинација наскоро би требала да биде укината и за вработените во старечките домови, мерка заради која до сега над 40.000 лица решија да ја напуштат својата работа во овој сектор.