Повод: Да го пратиме Блаже на Тибет!Taze sum zenet, zaduzen sum do gusa so kreditot za kukjata i maliot moj samo sto pocna da lazi na site cetiri......so drugi zborovi ne sum nekoj bogatas i nemam nesto mnogu pari da pickam.......ali vakvo ludilo mora da se poddrzhi. Spremen sum da go doniram celiot iznos pod ovie uslovi:
Кралство во кое стотици години власта е во рацете на една куќа. По 6-децении владеење стариот крал умира. Зад себе остава над 200 деца, но ниту еден директен наследник. Ова започнува епска и крвава битка меѓу потенцијалните кандидати. На крај 14-годишно дете е избрано за наследник, а неговата мајка е омажена со лешот на кралот. Кратко по ова луѓето што го избраа новиот крал длабоко се покајуваат за тоа што го направиле. Добро дојдовте во Свазиленд.
Како пандан на американскиот Пулицер, Европа пред две години ја воспоставува новинарската награда European Press Prize. Во конкуренција од 400 новинари, угледното жири годинешната награда му ја доделува на хрватскиот колумнист Борис Дежуловиќ, еден од ретките живи генијалци од просторите на екс Југославија. На вечните и помалку досадни теми на балканското живуркање, Дежуловиќ и во ова интервју има брилијантно свежи и отрезнувачки одговори.
4-годишно дете преку пустина ја минува границата со Сирија, а таму за негова среќа го спасуваат луѓе од О.Н. Единствен проблем во приказната - на малиот не му треба спасување бидејќи мајка му е на стотина метри пред него.
Сега е лесно да се тврди дека промоцијата на ајподот на Епл беше "првата пушка" во револуцијата која следеше, меѓутоа, тогаш, на 23-ти октомври 2001-ва година, малкумина гледаа нешто битно во покажаниот вокмен. Еден од нив сигурно беше Стив Џобс. А друг, Бил Гејтс.
Тома Здравковиќ? Тоа е оној пејач што од школо има само основно и курс за тракторист? Точно. Оној што се женеше 3 пати и на крајот умре без деца? Баш така. Оној што целото богатство го потроши по кафани и коцкарници за потоа да остави само еднособен стан на Петлово Брдо? Сосема сте во право.
1979-та, панкот е во полна сила. Клеш во него вбризгуваат реге, рокабили и соул и излегуваат со "London Calling". Насловната песна станува една од највлијателните ангажирани политички химни на сите времиња. А не била мотивирана од политиката туку од - стравот од поплава.
8 годишната Тијана Огњановиќ од Србија имаше среќа нејзиниот тежок здравствен проблем да ги допре срцата на илјадници луѓе. Но, не и да поживее. Рамбо Амадеус пишува за тој феномен, кога прашањето на кое дете треба да му се помогне не го решаваат компетентните, туку колективните емоции.
Минатиот петок започнаа немирите во Истанбул откако турските демонстранти го окупираа малиот зелен простор во центарот на градот познат како паркот Гези. Затоа што не го чуваат само со викање, тие не дозволија паркот да се претвори во гнаса.
Матеј Пељхан е фотограф од Словенија. Тој го запознава Лука, дете кое страда од мускулна дистрофија и кое сонува за најдетските работи кои неговото тело не му дозволува да ги направи. А не бара многу.
Феникс Финкбајнер од Германија на оваа планета престојува само 14 години. Пред 5 години си помисли една од оние детски блесави желби, да ја спасува Земјата. Поконкретно, да насади еден милион дрвја. И знаете што, оваа желба веќе ја исполнил пред две години.
За оние кои им е здосадено да бројат калории или применуваат други стандардни методи на задржување на линијата, екипа гастроентеролози смислиле ефикасен гаџет кој ќе им помогне да се решат од вишокот изедено. Одвратно ефикасен.
Кога детето ви се вика Џихад а живееете во Европа, не е баш најпаметно да го пратите во градинка со маица на која е напишано неговото име и датумот на неговото раѓање - 11-ти септември. И на маицата уште да пишува: Јас сум бомба!
16 годишен тинејџер уапсен е во Мексико заради продавање дрога и носење оружје. Едно испрашување подоцна и ова е најмалиот проблем што малиот го направил.
11 годишно момче од Манчестер нешто се спречкало со родителите па излегло од дома, отишло на аеродром и се качило во авион за Рим. Немало ни пасош, ни карта, ни бординг пас. Толку за европската безбедност.
Колку светскиот банкарски систем е фактап сведочи новиот контроверзен систем за итно кредитирање на мали бизниси во Британија. Ни хартии, ни жиранти, ни процедури. Парите ги добивате за 15 минути. Каде е трикот? Годишна камата - 4.200 проценти.
Работата на Виндоус 8 ќе заврши до крајот на летото, а првите компјутери со новиот оперативен систем треба да се појават во октомври, барем така тврдат аналитичарите .