Каква музика сакате? Девицата сака балади, Стрелецот техно, а Овенот класика

 

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Музика 24.


Каква музика сакате? Некој од Вас слуша популарна музика, некои рок, хип-хоп, фолк… Во следнава музичка астролошка карта, погледнете каква музика според Вашиот хороскопски знак Вие слушате, односно сакате.

ОВЕН – Иако сака хард рок и техно, страствениот Овен е и голем љубител на класичната музика. Бидејќи сака да диригира и се да биде по негово, обожува концерти и изведби на големи симфониски оркестри, а од композитори најмногу ги сака Бах, Дебиси и Бородин. Овенот знае и умее да диригира и во кафеана каде секогаш ги посакува и порачува омилените песни, додека не ги избрка музичарите.

БИК – Нехедонистичкиот Бик сака етно музика, трубачи, а срцето ќе му заигра и кога ќе слушне севдалинки и староградски песни. Ја собира музиката покрај себе, околу својата маса и не им дозволува да си одат, порачува песни и ги чести музичарите, а често го зема микрофонот во својата рака, како би ја запеал својата омилена песна. За него стомачниот танц е вистинско музичко сценско доживување во кое ужива, бидејќи го сака и ориенталниот звук.

БЛИЗНАЦИ – Близнаците, воглавно го сакаат она што е ново, модерен ритам, поп и рок музика, рејв, хаус и техно, а во друштво умеат да бидат неодоливи, бидејќи знаат одлично да имитираат, пејат, играат и да ги забавуваат другите. Близнаците, воедно, се и големи љубители на едно од најпопуларните дела од Бенџамин Брит, детската опера “Малиот оџачар”
и балетот “Жарот на птиците” од Игор Стравински.

РАК – Ракот ужива во евергрини и автентична изворна народна музика, бидејќи едноставно така се опушта и релаксира со чашка добар разговор со пријателите. Во такви моменти често се случува Ракот и да запее и да заигра и се така до раните утрински часови. Неговото срце може и да заигра слушајќи ја одличната виолина, токму онака како додека слуша виолински концерт, па негови омилени композитори можеме да кажеме дека се Чајаковски, Моцарт, Менделсон, Бетовен и Брамс.

ЛАВ – Лавот ја сака секоја врска на музика која што му овозможува да ја испразни својата огромна енергија, и тоа најчесто го преку танц (играње) или подигрување (клацкање во место). И тоа најчесто се случува кога сите погледи се упатени кон него, тогаш е тој на својот трон – сцената за играње. Исто така, Лавот сака и хард рок, техно, но и домашни поп балади, а Бетовен е неговиот омилен композитор.

ДЕВИЦА – Девицата обожува филмска музика и балади, а од композитори најмногу го сака Шопен. Расположението на Девицата во весело друштво, покрај музичари во омиленото кафуле или кафеана, расте во тој момент кога речиси сите ќе бидат на нозе – дури тогаш таа стапува на сцена и со звукот на тамбурашите, трубата, хармониката го подигнува нивото на расположение на највисоко ниво. Тогаш нешто во Девицата се буди, па често се случува да заигра на шанк или да се качи на стол, сеедно, важно е да биде весело.

ВАГА – Веднаш кога ќе влезе во домот го вклучува радиото, само за да се слуша музика на сите страни, но не било која, туку “сентиш”, односно романтична, бидејќи Вагата сака поп музика и балади. Ужива и се опушта слушајќи и класична музика, посебно кога станува збор за виенските концерти, а омилен композитор на Вагата е Чајаковски и Моцарт. Често посетува кафеани и луксузни ресторани каде станува опуштена и расположена, а се случува и да ги почести музичарите и да не дозволува да заминат од таа маса.

ШКОРПИЈА – Страствена и бурна, Шкорпијата знае и умее тотално да се опушти во боемска адмосфера во својот омилен ресторан, како што, онака елегантна и магнетна умее да ужива и во звукот на оргуљата и хорското пеење. Сака инструментална музика, но и поп, а од композиторите на класичната, ги обожува Шуман, Бетовен и Мокрањац.

СТРЕЛЕЦ – Стрелецот го сака ритамот кој потсетува на музиката од далечниот исток, танците на африканските племиња, го возбудуваат и звуците од конгите, но, тој истовремено сака и техно музика. Иако Бетовен е неговиот омилен композитор, кој е всушност и самиот Стрелец, тој не бега од кафеанска музика, но под услов, тоа да биде ресторан во централното градско подрачје каде доаѓаат и познати имиња.

ЈАРЕЦ – Иако наизглед делува воздржан и резервиран, Јарецот умее да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика каде ќе заигра и запее со задоволство, но сепак, класиката за Јарецот е закон. Затоа тие ги сакаат клавирските концерти, но и дуети, а од композиторите Шопен, Дебиси и Рахмањинов.

ВОДОЛИЈА – Водилиите спијат дење, а ноќе лудуваат бидејќи најмногу го сакаат диско ритамот, па поради тоа, сопствениците на летните клубови, дискотеки, кафеани… можат да им бидат благодарни на Водолиите кои често може и да ги раздени во нивниот објект. Меѓутоа, контроверзна и непредвидлива, Водолијата сака и византиска музика, огруљи, гитари и Моцарт – композиторот кој исто така е роден во овој знак.

РИБИ – Рибите не се замараат со тоа колку е часот кога им е убаво, во тие моменти се како во друг свет, бидејќи Рибите сакаат да сонуваат, замислуваат и фантазираат. Операта и балетот се како измислени за сензуалната и романтична Риба, па тие сакаат да го слушаат Верди, Шопен, Глука (“Орфеј и Еуридика”) и Мануел Де Фаљу (балетот “Љубов на волшебникот”), композициите за клавир и оркестар (“Ноќ во шпанските градини”)

6 април 2014 - 09:19