Африканската Игра на тронови

Кралство во кое стотици години власта е во рацете на една куќа. По 6-децении владеење стариот крал умира. Зад себе остава над 200 деца, но ниту еден директен наследник. Ова започнува епска и крвава битка меѓу потенцијалните кандидати. На крај 14-годишно дете е избрано за наследник, а неговата мајка е омажена со лешот на кралот. Кратко по ова луѓето што го избраа новиот крал длабоко се покајуваат за тоа што го направиле. Добро дојдовте во Свазиленд.

Денес овој крал владее од замок и има 15 сопруги, кои речиси секое лето ги дополнува со нова жена што е избрана на националниот фестивал на кој се појавуваат 10-ци илјади од најубавите девици во земјата. Сите тие групно играат топлес пред кралот.

Станува збор за феудално општество во кое мнозинството се сиромашни земјоделци кои обработуваат државна земја. Поданиците имаат недостаток на основни производи и модерна медицина.

Во ваква околина кралот нема никакви ривали, а своите одлуки ги донесува по состаноците со малиот совет. Политичките партии се нелегални, секакво противење и критика на кралското семејство се забранети. Дури и навреда на името на кралот се казнува со закон. Кралот во буквална смисла на зборот е крал и ги контролира сите можни аспекти од земјиште, до печатот, судскиот систем, полицијата и армијата. Легитимитетот на кралот на големо се заснова на суеверие и ритуали.

Суеверието и старите навики не му пречат на кралот да поседува Мајбах лимузини, DC-9 авион и сметки во странски банки во вредност од неколку милијарди долари.

Паралелно со ова, 80% од населението заработува помалку од 2 долари на ден. Со ХИВ и други неизлечиви болести се зафатени околу 31% од населението, а просечниот животен век во кралството е 50 години.

Кога во 1986-та кралот Мсвати III како 14-годишно дете беше поставен на тронот, луѓето кои го доведоа таму сметаат дека тој ќе биде кукла со која тие ќе управуваат. Денес најголемиот дел од овие луѓе се погубени или во затвор.

19 април 2014 - 17:10