Номен ест опомен

Кога детето ви се вика Џихад а живееете во Европа, не е баш најпаметно да го пратите во градинка со маица на која е напишано неговото име и датумот на неговото раѓање - 11-ти септември. И на маицата уште да пишува: Јас сум бомба!

Тоа го направила мајка на тригодишно дете во Франција по што од градинката веднаш панично повикале полиција.

Мајката потврдила дека малиот Џихад навистина е роден на 11-ти септември и дека не и е јасно зошто околу случајот се дигнала толкава врева.

"Немав никаква намера да предизвикам вознемиреност. Зборот 'бомба' овде често се употребува за некој кој е убав, а син ми е убаво момче," изјави мајката која е муслиманка но не практицира вера.

Сепак, таа ќе си се појави на суд заради обвинение за вознемирување на јавноста.

5 декември 2012 - 11:46