На информативниот разговор, Франциско Мигуел "Ел Нињо" признал дека бил платен убиец за група поврзана со Beltran Leyva картелот. И е одговорен за убиство на најмалку 50 лица.
Мигуел убиствата ги вршел со пиштол или со Калашников, а на листата на негови жртви се полицајци, земјоделци, а има и еден музичар. Сите убиства "Ел Нињо" ги извршил во мексиканската сојузната држава Синалоа.
Полицијата редовно апси тинејџери членови на најразлични нарко-картели. Во јуни 2011-та, по една престрелка со полицијата, беше уапсена група од 6 тинејџери. Во нарко-војната во Мексико до сега загинале речиси 55 илјади лица.