Двократниот добитник на Пулицер, Пол Салопек, го документира светот на неговиот глобален повеќегодишен пат наречен „Излегување од рајот“ (Out of Eden Walk).
Романски документарен филм номиниран за овогодинешните Оскари, чиј наслов е име на дискотеката во која во 2015 се случи катастрофален пожар од чии последици починаа 64 млади луѓе, а со тешки повреди поминаа 146.
Највисокото светско признание за архитектура некогаш се доделуваше за екстравагантни и револуционерни креации. Оваа година отиде кај француско дуо чие мото е - понекогаш е најдобро да не правиш ништо.
Изгледа дека сме навистина неспособни за детектирање и реагирање на клучни точки во една од нашите најосновни социјални интеракции - муабетот. И кога треба да престанеме да зборуваме, но и кога имаме шанса да продолжиме.
Почина од срцев удар на 2 март 1991. Претходно пушеше пет кутии Житан на ден, настапуваше пијан, плукна колешка на ТВ интервју, ѝ се пушташе на Витни Хјустон. Но ова беше само кулминација на контроверзните потези кои ги правеше цел живот. Меѓу нив и пеењето своја верзија на Марсељезата.
Нов мемоар на Ли Џуан, „Зимско пасиште“, неодамна објавен на англиски, е приказна за една зима која кинеската есеистка ја поминала живеејќи со сточари во сeверозападна Кина.
Долгорочната изложеност на предметот на нивниот интерес често резултира со тоа што научниците стануваат алергични - на пример на змии, глувци и инсекти.
На 30 јануари 1969, во тешка година за бендот, Битлси ненајавено изведуваат концерт на покрив во Лондон.
На 30 мај 2020, во година обележана со пандемијата, неколкумина пријатели со фамилиите и комшиите се собираат на свирка на сличен покрив во Ниш. Целиот потфат останува забележан на камера.
Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.
„Насмевнете се, вие сте на скриена камера“, гласеше последниот стих на песничката од истоимената емисија - Candid Camera. Првата епизода е емитувана во далечната 1948 и од тогаш има мал милион верзии. Но таа всушност почнала како радио емисија.
Гиљермо Либри Каручи Дала Сомаја (1803-1869) бил италијански благородник и математичар, познат по својата љубов кон книгите. Која била толку голема, што украл ни повеќе ни помалку туку 30.000 од нив, и тоа прилично ретки и вредни.
Нашиот текст за „бележењето“ од сипаници кое го вршел Коста Цепенков предизвика бројни реакции и коментари. Сепак, за нас најинтересен беше податокот кој го дознавме од проф. д-р Никола Пановски, за случај кој за чудо е недоволно познат во историјата на медицината - пренесувањето на вакцината од Европа во шпанските колонии преку жив човечки синџир на почетокот на 19 век.
Тензијата помеѓу политиката, здравствениот систем и „обичниот народ“ не е ништо ново, а особено доаѓа до израз во време на епидемии. Доказ за ова е сатирична книга од 19 век, која ја има напишано доктор, а илустрирано еден од најдобрите карикатуристи во историјата на овој цртачки жанр.
Приказната почнува летото 1936. Во склоп на подготовките за новата војна на Хитлер било зголемувањето на ефикасноста на домашното производство на путер, млеко, сирење, сланина и други продукти. Во тоа време маслото од кит било една од главните состојки на маргаринот. А Германците јаделе многу маргарин.
Мал дисклејмер во форма на аксиома: нема лош филм со Мадс Микелсен. Ама овој е многу повеќе од само посластица за неговите обожаватели. Плус ја содржи филмската сцена на годината.
После „Брејкинг бед“ и „Бетер кол Сол“ мислевме дека веќе нема серија што ќе ни го привлече вниманието. Ама третата сезона на „Фарго“ содржи неочекувани пресврти, и по некоја историска лекција.
Хулио Паленсија бил шпански дипломат, верен на режимот на Франко. Иако најпрвин истапувал со анти-семитистички ставови, неговата сопруга го предомислила. Нови докази укажуваат на тоа дека тие спасиле 28 семејства македонски Евреи во моментот кога бугарската „администрација“ требала да ги испрати на последно патување, од скопскиот монопол, до Треблинка.
Во современиот грчки јазик постои израз за кого мислевме дека е од некаква народна приказна, со оглед на тоа што се спомнува лозје. Но неговото потекло е многу поинтересно.
Поранешните американски претседатели, Обама, Буш и Клинтон, ветија дека ќе се вакцинираат од Ковид-19 во живо, на телевизија. Кај нас музичари промовираат носење маски. Не е прв пат во историјата јавни личности да поддржуваат здравствени кампањи. Но ова не е гаранција за нивниот успех.
Во период во кој се радуваме на каков и да е филмски производ кој доволно интензивно би ни го оттргнал вниманието од вон-филмската реалност, „Слом“ сепак не истрајува во она што го ветува со првите епизоди.
Не, не е метафора. Ерата на изборните мапи за претседателски избори во САД, кодирани во различни бои, започнала во 1976. Ама тогаш боите биле обратни од оние денес.
Основната премиса на замислената серија би била - што се случува кога врз постоечките светски проблеми ќе се накалеми смртоносен вирус? Содржината, пак, би била толку комплицирана што најверојатно би се откажале од гледање по втората епизода.