На почетокот на октомври 1976, еден месец пред ноќта по претседателските избори, во студио познато како дом на „Сатрдеј најт лајв“ била поставена динамичка мапа во различни бои. Ен-би-си ја направила на иницијатива на водителот Џон Ченселор, за на неа да се илустрира во сина и црвена боја кои американски држави го поддржуваат републиканецот Џералд Форд, а кои неговиот конкурент, демократот Џими Картер.
Но таа вечер мапата почнала да се топи. Буквално - иако стоела на стабилна дрвена рамка, површината на секоја држава била направена од пластика, а под неа имало илјадници мали сијалички од чија топлина таа почнала да се извитоперува. Продуцентите морале да внесат огромен вентилатор за да ја спасат.
Тоа го решило проблемот. Па кога почнале да пристигнуваат изборните резултати на 2 ноември, вторник, во студиото 8-H во Рокфелер центарот, мапата изледала фино. Светилките на секоја држава се менувале од неодредено бело, до републиканско сино и демократско црвено. Ен-би-си објавила дека Картер победил во 3:30 наутро по источно време, кога Мисисипи поцрвенела.
Не е грешка. На почетокот, сините биле црвени, а црвените биле сини. Понекогаш се менувале во зависност од ТВ мрежата и од избори до избори, просто така, без објаснување. Идејата дека постојат „црвени држави“ и „сини држави“ и дека првите се републикански а вторите демократски не била вградена во колективната психа до 2000-тата, односно претседателската трка Буш - Гор. Многу нешта се карактеристични за овие избори, меѓу кои контроверзната одлука на Врховниот суд која довела до уште поинтензивна поларизација меѓу двата табора која трае и денес..
Во моментов погледите на Американците и на целиот свет е повторно свртен кон мапите на различните ТВ станици и интернет сајтови, кои додуша сега е јасно кого означуваат со сино а кого со црвено. Ваква униформност пред 200-тата не постоела. Една од причините е следна - со години обете страни сакале „другите“ да бидат црвени, како симбол на непријателство а и поради негативните конотации кои црвената боја ги имала во текот на Студената војна. Но бидејќи ова сепак создавало забуни, морало да се пресече, па боите почнале да се толкуваат едностано како бои на американското знаме. Демократите и републиканците никогаш јавно не избрале боја, па можеби улога играле некои банални нешта - на пример дека ред и Рипабликан почнуваат со „р“.