Брммм, пињау, трес, пау, мјау! Веројатно е тешко да се замисли дека во некои други јазици овие извици можат да звучат некако поинаку. Па сепак, тоа е така. Еден дизајнер ги собира и многу добро ги илустрира.
Дан Јурафски, професор по лингвистика на Станфорд, се интересира за еден специфичен гастрономско-книжевен жанр: јазикот на ресторанските менија. Замисли охридски келнер да треба да го чека дур овој брои придавки и заменки.
Нели ви доаѓа кнедла во грло кога лавица ќе ѝ се з'гне на некоја млада и нејака антилопа, и ќе ја направи стек додека си рекол „природна селекција"? Светот би бил поубаво место за живеење, ако традиционалната поделба на ловец и жртва едноставо се укине, велат радикалните екоинженери.
Таман сте почнале да читате, нешто ви го одвлекува вниманието, и следните неколку денови (месеци, години) книгата останува осамена и нечепната, чекајќи да се сетите на неа. Е нема веќе така!
"Да пукне" е глобален и сеприсутен поздрав. Се простира преку сите меридијани и паралели, функционира во сите социјални контексти, како универзален знак за добро завршена работа. Во животот на оној кој прв го смисли, лежат храбри но тажни приказни кои се за сè друго, само не за "да пукне".
Интересен проект на Кристина де Мидл, британска фотографка, која врз основа на текстовите на оние спам пораки во кои некој бара од вас пари или согласност за некаква чудна трансакција, се обидела да замисли како навистина би изгледале тие луѓе - фиктивни карактери - кога навистина би постоеле.
Во богатите земји е готово, а во сиромашните (кои сега почнуваат да ја совладуваат индустријализацијата) ќе биде готово до 2060-та, по ова економски раст ќе биде невозможен без сиромашните да станат уште посиромашни.
Во чест на почетокот на фудбалското првенство, неодамна беше реиздадена книгата на Алекс Белос, Futebol, која се однесува на историјата и културата на бразилскиот фудбал. Едно поглавје е посветено на необичниот дизајнер на бразилскиот дрес.
Оние кои стравуваат дека човештвото ќе се уништи од сопствената технологија отсега имаат влијателен сојузник во ковањето апокалиптични сценарија. Не нуклеарната технологија ниту пак клонирањето. Стивен Хокинг проценува дека фатална за нас може да биде вештачката интелигенција.
Цвикерите му се штит, научил да биде сам, либерал е ама до коска против абортусот, потврдува дека до 37 години не знаел дека сестра му уствари му е мајка. И мисли дека да ја ебеш Бритни Спирс би било монументално искуство. Џек Николсон, актер, 77 години, од Лос Анѓелес.
Најава за четвртото издание на вашата омилена книжевно-гастрономска манифестација, која ќе се одржи на 11. април (петок) од 16 часот на старото место - Пепер на Ленинова. Со време ви најавуваме да си размислите што ќе донесете. Ние ќе купиме пијачки, ќе наредиме тоа масите, ќе смислиме награди и ќе ве чекаме.
Замисли брутален, тоталитарен кошмар од режим кој масовно извршува нечуени садистичи дела и ги уништува животите на граѓаните, без воопшто да има некаква дилема за тоа. Сега замисли ја Скандинавија. Може на тебе не ти оди, ама Христијанската телевизиска мрежа (од САД), вака ја замислува Шведска.
Додека да стигнат до средно училиште околу 20% од американските момчиња ќе бидат дијагностицирани дека се хиперактивни деца со пореметување на вниманието (ADHD). Проблемот е што најголемиот број од овие дијагнози се погрешни, и најголемиот дел од овие момчиња завршуваат со лекови лекови само затоа што се однесуваат како момчиња.
Што би рекол Платон за Гугл, магнетна резонанца или за Сител - тоа се оние прашања кои на прв поглед делуваат евтино, но од друга страна овозможуваат таков увид во ставовите на античките филозофи кои инаку делуваат неповрзано со современиот живот.
Инспирирана од денешната статија за твитерџијата кој си го нашол чарето, прочепкав по мојот изминат твитер труд. Чаре додуша не најдов, ама по првата збирка, издвоив твитови за уште една.
Адвокат и сликар прават илустрирана книга за професија која е вградена во неофицијалната историја на Белград од почетокот на 19. век. Авторитетот Данило е на потег за слична „студија на случај" од нашиот главен град.
Пекинг има 12 милиони жители (замисли!!!) од нив 7,5 милиони се возачи. Затоа што тоа е неиздржливо за која било инфраструктура, од 2011-та регистарските таблички во градот се добиваат по основа на лотарија (на која според локалните сеирџиски муабети е потешко да ти се падне отколку на вистинската лотарија). Сега стана уште потешко.
Желбата да ви кажеме нешто ново за Вејтс, и така да си го направиме ќефот да го имаме на сајт, од време на време ни се остварува. Еве сега има цел албум со преработки на негови песни на - хебрејски.
Бразилците забрзано се подготвуваат да бидат домаќини на светското фудбалско првенство во 2014. Меѓу големиот број обврски кои ги очекуваат, една посебно им паѓа тешко - да научат подобро англиски.
Авторот на нашиот омилен стрип доби свој астероид! 4942 Манро (претходно познат како 1987 DU6) орбитира околу Сонцето на внатрешниот раб од главниот астероиден појас, и не е закана за Земјата.
За да бидеш одличен во прогнозирањето кој ќе ја добие наградата на Шведската академија во областа на литературата се потребни извесни квалификации. Познавањето на она што го напишале кандидатите не е една од нив.
Кога стана градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг даде оставка на сите позиции во својата компанија (вклучувајќи и ЦЕО-о) за да може да му се посвети на градот. Три мандати подоцна и тој е побогат од кога и да е.