Социјалните мрежи вообичаено се наведуваат како причина број еден за нечитањето. Но ако добро се игра со нив, тие можат да го имаат спротивниот ефект. Како во случајов - бразилската компанија-сестра на Penguin, Companhia das Letras почнаа камапања наречена „Твит за читање", која вклучува „умен" букмарк кој треба да ги одржува читателите во кондиција, потсетувајќи ги на забаталената обврска. Обележувачот на страници детектира дали сте ја отвориле книгата во одреден период, и ако сте биле мрзливи ви праќа твитови за да ве искара, и да потсети дека треба да продолжите.
Обележувачот содржи светлосен сензор (кој реагира на отварањето на книгата), тајмер и безжичен сигнал за интернет. Кога ќе се подзаборавите, ви стигнува твит кој делува како да е напишан од самиот автор на книгата, или со негов реален цитат, или со нешто напишано во негов стил. Замисли го направиш ова со Библијата.