Тоа дека една лебарка или винска мушичка би можела да има чувства, дури и за басна звучи претерано. Но како што се трупаат докази за истото, изгледа ќе треба да се преиспита нашиот емоционално потценувачки став кон овие суштества.
Кога луксузниот британски патнички брод потонал во Атлантскиот океан во април 1912, илјадници луѓе се нашле во студените води. Но она што вообичаено пропуштаат да го спомнат сериите, филмовите и мејнстрим историјата за овој настан, е дека катастрофата ја преживеале шестмина млади Кинези, за кои сега е снимен нов документарец.
Овој ќељавиов што им држи предавања на нашиве е Рамуш Харадинај, човекот кој од премиерска позиција им даде 220.000 евра на семејствата на оние битанги кои ни дојдоа од Косово и ни ги испотепаа полицајците во Диво насеље.
Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со неисплатен долг кон Еуростандард банка само неколку месеци откако банката се затвори минатата година. Земени пари за да не се вратат.
Може да гребете по споменици „бугарски окупатор“, да кажувате дека имаме заедничка историја или дека Делчев бил и наш и нивни, може од понеделник да се виткате како гумени бомбони и да се менувате според нивните желби ко пластелин - ова ништо не го пере!
Тајлер Коен е економист, кој често пишува колумни за Њујорк Тајмс, Њусвик, Њу Рипаблик. Во 2011 беше рангиран во топ 100-те глобални мислители, и се смета за еден од највлијателните економисти на денешницата. Каква ќе биде иднината според него за 100 или 1000 години? Чудна.
Нова изложба која ќе се отвори во февруари 2022 во Уметничкиот музеј во Денвер го истражува животот на Ла Малинче, енигматична фигура која некои ја сметаат за мајка на Мексико, а други како предавник на сопствениот домороден народ. Од 16 век до денес таа е предмет на контроверзи, легенди и обожување.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб можеби ќе треба да се преименува, откако до НАСА пристигнаа дојави дека човекот по кого тој го добил името, Џејмс Едвин Веб (1906-1992) бил вклучен во прогонување на припадници на ЛГБТ заедницата во текот на својата политичка кариера.
Што ако Земјата не е центар на сè? Што ако предците на луѓето некогаш изгледале како мајмуни, или биле едноклеточни организми? Што ако континентите се движат? Овие прашања во минатото не биле дискутирани во добро воспитаните кругови. Но тоа не им одземало од вистинитоста или од значењето. Истото важи и за некои од идеите од денешницата.
Минатата недела, на 86 години, почина Џенет Малком (родено име Јана Виенерова, по потекло од Чешка), американската новинарка која критички го истражуваше односот помеѓу авторот и неговиот „субјект“ и можните злоупотреби од обете страни.
Приказната за делото и трагичниот крај на животот на Милман Пери може да биде еп самиот по себе. Тој е значаен не само за класичните студии и проучувањето на Хомер, туку и како етнограф кој ги регистрирал епските песни на гусларите од некогашна Југославија.
Јавно ги повикувам сервисите за проверка на факти, кои се помогнати од странски фондации и организации, да ја нотираат оваа лажна вест и манипулација и за тоа да ја известат јавноста.
Годината е 1885. Американските погранични власти во доцниот 19 век не очекувале патниците да поседуваат документи кои денес се подразбираат за меѓународни патувања. Но тие од нив барале да покажат една од овие три работи како доказ дека прележале големи сипаници: документ за вакцинираност, соодветна лузна на раката или „издупчено“ лице.
Со шубе насловов да не се сфати како предлог, да појасниме дека ова е експеримент во американски средни училишта. Чии резултати се оценети како сомнителни.
Немало лек за оние опседнати со собирање автограми од познати личности во текот на 1880-тите. За да се добијат скапоцените потписи, или какви и да е пишувани белешки, не се бирало средства.
Во 2019 избувна скандал поврзан со местени примања на престижни американски факултети на деца на пребогати родители, кои инаку не би можеле да се запишат на нив. Нов документарец на Нетфликс ја раскажува приказната.
Кога ќе се споменат судења за воени злосторства по Втората светска војна најчесто се мисли на Нирнбершкиот процес. Популарната западно-европска и американска култура ретко се занимавале со судењата за воени злосторства на Далечниот Исток. Оваа серија е еден таков пример.
Јованка Јолиќ е една тетка која е во посед на многу тајни од светов а колку и да е озбилна, ќе да е малку удрена во крило, што пак ја прави идеален кандидат за често гостување на телевизија. Е не, „Топ тема“ и “Само вистина“ ќе гледаме.
Еден настан од пред повеќе од 60 години покажува колкав е ризикот од лошо организиран процес на вакцинација, кој овозможува секакви манипулации. Во случајов кражба на вакцини, која чинела голем број загубени животи.
Низ историјата често се наметнува потребата од излегување на крај со наследството на лошите лидери, вид катарза, за нацијата да може да продолжи понатаму. Наспроти егзекуција или комплицирани судски процеси, Римјаните имале и еден поинаков метод.