Обвинет за воени злосторства, Рамуш Харадинај своевремено во Хаг се бранеше со молк. Немоќта на обвинителството да ги изведе клучните докази се должеше на тоа што неколку важни сведоци, од кои некои беа во програмата за заштита на сведоци, беа ликвидирани пред и за време на судењето а останатите или ги променија исказите или одбија да сведочат, дури и под закана од затвор заради непочитување на судот.
„Вашата 'заштита' не вреди надвор од ѕидовите на оваа судница,“ одбрусил еден од 'заштитените' сведоци на прашањето зошто одбива да сведочи.
Во подолг текст на Офф, во 2013 година ја пренесовме дилемата на Њујоркер „Дали косовски лидери се виновни за воени злосторства?“
Косовската помош за убијците од Диво Насеље потсетува на политиката на Садам Хусеин да плаќа на семејствата на секој ирачки самоубиец кој ќе убие Израелец.
Само што тешко дека ќе најдете вакви слики од израелски премиер со Садам Хусеин.
*****
Види и: