Дали сте нормални?!
Јас да сум Бугарија ќе нè ставам под толку длабок мраз, никогаш да не се одмрзнеме. И сега - со право! Такво ширење омраза кон Бугарија не памтам! УЖАС!
Не помислувате на државните и национални интереси, туку на сопствените фотељи и власт!? Може да гребете по споменици „бугарски окупатор“, да кажувате дека имаме заедничка историја или дека Делчев бил и наш и нивни, може од понеделник да се виткате како гумени бомбони и да се менувате според нивните желби ко пластелин - ова ништо не го пере!
Како намерно да ѝ давате на Бугарија докази против Македонија и работите против македонските евроинтеграции.
Ужас! После вас - потоп. Нека гние Македонија ако СДСМ изгуби на локални избори.
Каква деструкција!